7 токсични мисли кои ви ја уништуваат врската

Вашиот ум е најголема пречка која ве спречува да ја доживеете љубовта онаква каква што е - едноставна, топла, прекрасна.

7-toksicni-vrski-koi-vi-ja-unistuvaat-vrskata-01.jpg

За да го зачувате мирот и спокојот на врската, мора да се откажете од овие 7 токсични реченици и мисли:

1. Замката „сè или ништо“ - Партнерот постојано прави погрешни работи заради кои не успевате? Променете си го ставот дека сè треба да биде совршено за да успеете.

2. Катастрофални заклучоци - Ако еден партнер драматизира околу зборовите упатени од другиот и си донесува свои заклучоци без консултација и разговор, голема е шансата дека таа врска е осудена на пропаст.

3. „Би требало да“ бомба - Престанете со претпоставки како би требало да изгледа утрешниот ден, состанокот на кој ќе одите, како тој би требало да се однесува или какви зборови таа би требало да користи со вас.

4. Етикетирање - Неправедното и негативно етикетирање на партнерот автоматски значи негово губење.

5. Игра на вина - Обвинувањето на партнерот е само почеток на проблемите со кои ќе се соочите понатаму. Затоа, ослободете го/ја од чувството на вина.

6. Ментално коцкање - Се обидувате да го надмудрите партнерот, имате веќе одредена стратегија и план како да го „уловите“ во лага? Не си поигрувајте, си го трошите времето.

7. Разочарување - Ова најчесто се случува кога партнерите се претерано фокусирани на меѓусебно идеализирање. Повеќето идеали никогаш не се остваруваат, помирете се и прифатете ја реалноста пред да го уништите она што го имате.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg