5 трикови на среќните двојки - Спиеме голи!
Одржувањето на една позитивна и среќна врска, иако може да изгледа лесно, не е едноставно. Постојат некои работи кои би требало да ги поминувате и да ги применувате.
Тоа се мали ситници кои може да имаат големо значење.
Ова се 5 трикови кои ги откриваат среќните парови:
1. Денот го почнуваме со СМС порака
Понекогаш и само тоа е доволно. Не е важно дали ќе се каже уште нешто или која ќе биде темата понатаму. Важно е дека денот го почнуваме со помислата еден на друг.
2. Се прегрнуваме на сред караница
Проверен метод е штом едниот забележи дека другиот го повишува тонот на гласот, почнува да се нервира, за што и да е, особено ако се некои ситници, другиот го прегрнува. Така сè се смирува. Не може да се карате додека се прегрнувате.
3. Поминуваме барем еден час во ноќта без ТВ
На почетокот може да биде тешко и да се чувствува некоја непријатна тишина. Зборувате 5 минути, па се чудите што би си кажале во следниот час, без да го вклучите телевизорот. Но се обидувате, прашувате, па постепено разговорите стануваат сè попријатни.
4. Го учиме јазикот на љубовта еден од друг
Секој на различен начин ја искажува љубовта. Треба да го познавате јазикот на љубовта на партнерот. Понекогаш не се неопходни само зборови или некои големи дела, туку мали гестови кои многу значат. Тоа што момчето ќе ги измие садовите е негов начин на покажување внимание и грижа за девојката. Тоа што таа ќе му го зготви омиленото јадење е нејзин начин за да му покаже дека го сака и мисли на него. Мора да ги пронајдете малите работи кои ве прават среќни.
5. Спиеме голи
Многу парови го потврдуваат тоа дека спиењето голи создава посебна блискост. Секој допир на партнерот, скокоткањето и прегрнувањето, не само што ја одржува страста, туку и опушта и зближува. Колку и да сте уморни, лути или нервозни, штом ви се допрат телата, поминува сè.
Имате вие некој трик за успешна врска?