Мали тајни на долгогодишните среќни парови

Ако некогаш ги запрашате која е нивната тајна, веројатно ќе ви кажат дека љубовта трае само ако ги почитувате овие мали заповеди:

mali-tajni-na-dolgogodisnite-srekni-parovi-01.jpg

1. Никогаш не ја потценувајте важноста на разговорот за секојдневните проблеми и успеси. Разговарајте за тоа како го поминавте денот.

2. Разберете дека некои кавги се само кавги и не смее да ве доведат до раскинување.

3. Прифатете го фактот дека со врската си доаѓаат и обврски. Ако ништо друго, прифатете ги компромисите. Не може секогаш да биде по ваше.

4. Бидете секогаш искрени. Кога лагите ќе ви станат навика, запаѓате во круг од кој тешко ќе излезете.

5. Изненадувајте се меѓусебно со ситници. Понекогаш доволно е да знаете дека другиот мисли на вас.

6. Не ги форсирајте излегувањата со други парови. Само затоа што сте во врска, не мора да имате идентичен круг на пријатели.

7. Бакнувајте се на секое гледање и испраќање.

8. Секогаш најдете време еден за друг.

9. Почитувајте го туѓото семејство како свое. Не мора да имате најдобри односи, но барем бидете фер, коректни и искрени.

10. Од „Те сакам“ никогаш не е доста.

11. Имајте разбирање за проблемите, чувствата, болестите или едноставно лошите денови кои ги има партнерот.

12. Внимавајте да не ја преминете границата со хуморот.

13. Почитувајте го договореното време и не доцнете.

14. Кога е потребно, застанете во одбрана на партнерот. Поддршката значи многу повеќе отколку тоа да биде во право.

15. Бидете спонтани. Од време на време правете нешто ново што никогаш не сте го искусиле претходно. Избегнувањето на рутината има суштинско значење.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg