Зошто на мажите им е важно со колку сте спиеле пред нив?
Некогаш, сексот за една вечер беше ретка, ендемска појава, додека денес полека станува секојдневие. Со овој факт, голем број на мажи се плашат каква жена ќе најдат и колку партнери истата ќе има пред него.
Знаејќи го големиот страв кој го имаат 90% од мажите, ги запрашавме зошто бројката им е толку важна.
Еве какви беа одговорите:
„Бројот на партнери сигурно ќе ме одбие. Не знам колку партнери се премногу, но секако што повеќе, тоа помали се шансите дека таа девојка ќе ја сакам за сериозно. Првенствено заради стравот од болести, но и заради отворениот став на личноста кон сексот.“ - Игор, 28
„Ако бројката е поголема од 10, тешко би излегол на крај со таа девојка. Всушност, не би ни пробал.“ - Марко, 27
„Бројот многу зборува за тоа дали девојката е материјал за врска или не. Ако барам врска, бројката на претходни партнери ми е посебно важна.“ - Милош, 25
„Девојките со претерано многу партнери, не се по мој вкус. Претерано многу партнери е релативно широк поим, кој најчесто е тесно поврзан со годините. Не го знам конкретниот број, но ако е над 6-7, дефинитивно е многу за мене.“ - Андреј, 24
„Апсолутно ми е важен бројот на бивши партнери. Девојката која спиела со многу момци претходно, доаѓа во обѕир само за една вечер.“ - Дарко, 26
„Ако се работи за девојка со која сакам стабилна врска, дефинитивно ќе се интересирам за бројката. Мојот систем на вредности е таков што нема да се согласам некоја девојка да го уништи. Немам одредена бројка, но не би смеело да оди преку 2 раце.“ - Стефан, 26
Што мислите вие? Колку ви е важен бројот на партнери со кои спиела девојката?