Не е до мене, до тебе е!
Не е до мене, до тебе е! Ова е една од речениците кои жената никогаш нема да ви ја каже, но бидете сигурни дека ја мисли.
Иако жените се комплицирани, понекогаш нивните мисли може да бидат кратки, јасни и едноставни, но неизречени поради тоа што не сакаат да ги повредат личностите од спротивниот пол.
Оваа реченица и уште 3 други се оние кои никогаш нема да ги слушнете од устата на жените, па затоа момци доколку ве интересираат сега може да дознаете кои се тие.
Не е до мене, до тебе е!
Често користена реченица во мислите на жените која никогаш нема да ја слушнете кога ви раскинуваат или кога ве одбиваат, знаејќи дека проблемот е во вас. Но наместо тоа ќе ви го кажат спротивното: „Не до тебе, до мене е!“
Сум имала и подобар секс, ова не е ништо!
Реченица која сакаат да ја изустат додека вие им кажувате колку сте добри во кревет очекувајќи нејзина оценка после секс. Жената можеби ќе ви каже во тој момент дека сексот бил одличен, но ќе го помисли баш ова.
Сакам да те променам!
Наместо ова жената ќе ви каже дека ве прифаќа такви какви што сте, но вистината е спротивна. Таа сака да ве промени и никогаш нема да ви го признае тоа, туку ќе сеобидува да го спроведе на начин на кој што вие нема да почувствувате.
Дали сакаш да се ожениш за мене?
Доколку една жена делува лудо вљубена во вас таа никогаш нема да ви признае дека секој ден размислува за вашата венчавка. Можеби ќе започне да отвора теми за бел фустан или името на вашиот иден син или ќерка, но никогаш нема да ви признае дека ве гледа како нејзин потенцијален сопруг.
Девојки што би додале вие?