Тој живее во Србија, таа во Македонија, а роденденот ѝ го честита од 50 градови во светот
За него љубовта не е љубов, ако не е луда. Смета дека секоја девојка заслужува маж кој нема да го заборави и кој ќе направи таа да се чувствува посебно.
Токму затоа, Димитрије Цекиќ (23) решил на интересен начин да ѝ го честита роденденот на својата девојка Александра со која моментално се разделени бидејќи таа студира медицина во Македонија.
Преку познати пријатели кои ги има низ светот ги замолил да напишат честитка и да ја фотографираат. На неа пишува: „Khaleesi Алекс, твојата насмевка ме прави среќен. Среќен роденден“.
Одбрал да го користи измислениот јазик од серијата „Game of trones“, па затоа ѝ се обраќа со Khaleesi, што во превод значи кралица.
Честитки добила од Швајцарија, Индија, Грција, Германија, Австрија и Америка, вкупно од 50 градови.
Димитрије е и писател, но вели дека не сака многу да се промовира, туку сè што прави е само за да ја воодушеви Александра.
За Александра, пак, ова е најубавото нешто што ѝ се случило и нешто што никогаш претходно не го доживеала и нешто што ќе го памти до крајот на животот.
Погледнете како изгледа пораката од различни градови: