8 знаци дека тој е љубовта на вашиот живот
Ако моментално сте во совршена врска, но се прашувате дали тоа ќе потрае, еве неколку начини на кои може да откриете.
Ова се 8-те знаци кој јасно укажуваат дека тој е вистинскиот:
1. Не побегна кога дозна за вашиот минус на картицата
Кога му ја откривте оваа прилично важна информација, не се заледи, ниту намршти, туку рационално размисли како можете да излезете од тој минус. Ова е карактеристика на секој зрел и одговорен маж кој е подготвен да се помири со вашите слабости, а единствено таков ви е потребен во животот.
2. Ве поттикнува повеќе да излегувате со пријателките
Никогаш не смее да се чувствувате непријатно кога ќе излезете со пријателките или ќе отидете на кратко патување. И што е најважно, тој треба да верува во вас и да ве поддржува. Секој краток одмор на партнерите е здрав за врската, па затоа независноста е најдобрата особина која може да ја имате и вие и тој. Доколку тоа го разбирате и двајцата, немате никаков проблем.
3. Може да напише ваша кратка биографија
Покрај забавната страна, имате и сериозни дискусии кои може да се одвиваат до рано наутро? Уште еден одличен знак. Токму тоа е значајниот фактор кој ја покажува длабочината на врската, како и желбата за меѓусебно запознавање.
4. Ги прифаќа вашите пријатели
Долгогодишните врски често подразбираат мешање на друштвата и пријателите, па затоа е важно партнерот да ги поддржува вашите пријателски врски. Не мора да ги обожава сите, но сосема доволно е ако има по некој позитивен збор.
5. Не се плаши од кавги и расправии
Во долготрајна врска може да бидете само со личност која не се плаши од тешки и сериозни разговори, но и кавги. Тоа што се сакате, не значи дека нема да се расправате, туку само дека ниту една страна нема да побегне кога на ред ќе дојдат непријатните теми.
6. Верноста му е важна
Ова можеби ви изгледа добро познато, но важно е да го повторите. Неодамна е докажано дека секој кој изневерил еднаш, има 3,5 пати поголеми шанси да го направи истото. Што значи, еднаш откриеното изневерување никогаш не треба да заврши со простување и продолжување на врската.
7. Неговите пријатели се стабилни и се женат со ред
Ако се почесто присуствувате на свадби на неговите пријатели, тоа значи дека и тој започнал да размислува за брак. Затоа што најчесто се дружиме со луѓе кои имаат слични ставови во животот, очекувајте дека можеби вие сте следни.
8. Чувствувате дека тој е вистинскиот
И покрај големата листа на критериуми кои ви е во главата, сепак не ви е потребен поголем доказ од овој. Верувајте му на инстинктот и она чувство во стомакот. Тоа чувство е прилично добар показател на цврстата врска.