Зошто треба да спиете голи?
Спиењето без облека со партнерот може да има само поголеми придобивки. Наместо да се топлите од неговата износена маица или пижама може да се припиете до неговото тело.
Според некои скорешни истражувања во САД резултатите кои се спровеле покажале дека дури 57 отсто од оние кои спијат голи се посреќни во врската, додека само 48 отсто од оние кои спијат во пижами и 43 отсто испитаници кои носат само долна облека уживаат во слично задоволство.
Ова не е само научно истражување, бидејќи очигледно е дека галењето во креветот може да доведе до општо задоволство во врската.
Покрај сè, неодамнешните студии покажале дека паровите кои покажуваат нежност еден кон друг по сексуалниот однос, се посреќни во нивната врска.
Друго истражување покажува дека колку поблиску спиете до партнерот, толку врската ќе ви биде поквалитетна.
Што и да е рецептот за среќа во врската, спиењето голи во креветот може само да го зголеми задоволството.