Зошто упорно паѓате на погрешни мажи?
Секоја девојка сонува за да го пронајде совршениот маж, но за жал, на повеќето им треба многу време.
Многу од нив запаѓаат во лоши врски и се разочаруваат од љубовта само затоа што не знаат правилно да го проценат мажот.
Ако и вие сте една од оние жени кои постојано завршува со погрешни, еве каде грешите:
1. Веќе не верувате во љубов
Доколку сте во фаза каде сте изневерени и не верувате во љубов, подобро е да останете сами одреден период. Во овој период од животот најголеми се шансите да се впуштите во погрешна авантура со маж кој повторно ќе ве повреди.
2. Не се трудите доволно
Ако сте тип на девојка која се помирува со судбината, бидете сигурни дека сте на погрешниот пат. Ако не се борите за најдоброто, нема ни да го добиете, толку е едноставно.
3. Мангупот никогаш нема да се промени
Не губете време обидувајќи се да го промените мажот кој секој ден излегува и флертува со нова девојка. Наместо тоа, најдете некој кој не е склон кон изневерување и чувајте го како капка вода на дланка.