Кога е вистинското време за прв секс по раскинувањето?
Иако раскинувањето на врската не е пријатно и лесно, изгледа дека бившите можеме да ги преболиме многу побрзо отколку што мислевме.
Верувале или не, во најновото истражување се покажало дека цели 58% од луѓето кои штотуку излегле од долга врска, по само 1 месец го дале своето тело на друга личност.
Сепак, вистина е дека на срцето му треба подолго време, па поголем дел од испитаниците признале дека се впуштиле во сексуална авантура од бес, лутина, фрустрација или одмазда на бившиот партнер.
Оние кои сами го иницирале раскинувањето имале многу помала желба за сексуален однос со нов партнер.
- Факт е дека луѓето со секс го лечат скршеното срце. Тие нетрпеливо чекаат да создадат нова врска, истакнуваат научниците.
Според вас, кое е идеалното време за секс по раскинувањето?