10 Огромни грешки кои ги прават мажите во врска

Ако забележите дека правите некоја од овие грешки, поправете ги, бидејќи во спротивно ќе промените статусот од врска во слободни...

10-ogromni-greski-koi-mazite-vo-vrska-gi-pravat-1

Да ја освоите девојката која ја посакувате е лесно, но тешко е да ја задржите и тука навистина треба да се потрудите.

Избегнувајте ги најголемите грешки на мажите во врска:

1. Бидете присутни

Исто како што и вие сакате таа да биде присутна тука за вас, така и вие не заборавајте дека треба да ја сослушате кога ви зборува, да ја прегрнете кога е потребно и да направите таа да се чувствува сигурна покрај вас.


2. Не ги разбирате жените, а и не се трудите

Обидете се да ја разберете неа и нејзините емоции, кои не треба да ве иритираат. Кога конечно ќе сфатите дека нејзините емоции не се „глупави”, дури тогаш најдобрите работи ќе ви се случат во врската и повторно ќе ја почувствувате страста.


3. Се повлекувате штом ќе дојде бурата

Мажите понекогаш прават кукавички потези, па штом настане неред во врската тие се повлекуваат назад, но паметниот маж знае како да ја искористи својата енергија во позитивна цел. Морате да успеете да ги пребродите сите кризи во врската. Добрата вест е дека после бурата надоаѓа сонцето и животот е повторно убав.


4. Таа не ви е на прво место

На неа и се потребни вашето внимание и присуство, но штом еднаш ја земете здраво за готово, повеќе нема враќање назад. Трудете се секогаш да направите да се чувствува посебно, бидејќи ако вие не сте таму за неа, ќе дојде некој друг...


5. Несвесни сте за нејзините чувства

Женскиот свет функционира преку емоциите, а освен што треба да научите да ги разбирате, вие мора да станете свесни за истите. Не се емоциите тие кои треба да бидат поправени, туку проблемот заради кој тие се појавиле. Зарем тоа е толку тешко?

10-ogromni-greski-koi-mazite-vo-vrska-gi-pravat-2

6. Скршена доверба

Жените се врзуваат прво емоционално за нивните партнери, но мажите секогаш тоа го прават подоцна, а пред да се обврзат ги разгледуваат своите опции. Но, ако планирате сериозна врска, тогаш таа нека биде вашата единствена девојка, бидејќи довербата не е нешто што сте стекнува подоцна.


7. Комплименти

Не се воздржувајте при пофалбите и секогаш упатете и комплимент за косата, шминката, облеката и немојте да лажете дека не ги забележувате тие ситници, бидејќи нема маж што не ги забележува. Запомнете: среќна девојка- среќен живот.


8. Не бидете очајни

Внимавајте да не претерате со романтиката, затоа што ниту една девојка не сака очајно момче. Понекогаш, оставете го телефонот и дајте и простор. Секогаш постојат пријатели, нема потреба да бидете очајни за нејзино внимание.


9. Љубомора и несигурност

Разговорите за поранешните врски се во ред, но внимавајте да не ја поминете границата. Премногу искреност упатена како коментари и комплименти кон нејзините пријателки или гледањето на други жени во нејзино присуство ќе ја натераат да стане и да заборави на вас. Токму поради фактот што кај неа предизвикувате чувство на љубоморна, но и несигурност.


10. Не разговарате

Тука не станува збор за секојдневно зборување, туку за искрени разговори во кои треба да го чуете нејзиното мислење. Голем број на девојки се жалат дека нивните момци не се заинтересирани за нивните ставови, а тоа може да создаде јаз помеѓу вас двајцата. Бидете добри слушатели и разговарајте со цел да се поврзете. 

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg