Жешки, влажни сништа
Жешки сништа- тотално нормална појава кај мажите, а и кај жените. Oргазам во текот на сонот не доживуваат само тинејџерите туку и зрелите мажи...
...па нешто поретко и жените. Зошто и како се случува тоа?
Тинејџерите првиот оргазам го доживуваат во сон
Кога едно дете полека се развива во сексуално зрело момче, често започнува и да сонува т.н. сексуални сништа или влажни соништа, кои се резултат на секојдневните доживувања.
Тоа може да биде некоја еротска филмска сцена, можеби познатата филмска ѕвезда или пејачка, па дури и да се прочита еротска литература.
Ова главно се случува со тинејџери, кои се уште немаат сексуални односи, кои не мастурбираат доволно или редовно.
Тоа е сосема нормално, кај некои од момчињата се случува почесто, а кај други помалку. Разните стравови поврзани со ејакулација во сонот се целосно неосновани.
Ноќните ејакулации започнуваат некаде околу четиринаесеттата година. Кај некои момчиња започнува порано, кај некои подоцна, а кај некои никогаш не се случува.
Всушност, не постојат правила и ниедна од овие ситуации не е проблематична.
Тоа се соништата, каде што човекот многу јасно и во разни сцени и настани ја претставува својата сексуална желба.
Додека е во будна состојба ја потиснува во потсвеста. Во потсвеста ги потиснуваме сексуалните барања од кои се срамиме или кои не плашат.
Затоа во соништата се појавуваат во таква чиста форма. Се зависи од степенот на потиснувањето.Скриените сексуални соништа помагаат да ги разоткриеме сопствените сексуални желби.
Ејакулација во сон се појавува и кај возрасни мажи
Ова често се случува кај мажите кои нередовно ги исполнуваат своите сексуални потреби и тоа може да биде одраз на потсвеста, да задоволи некоја сексуалната желба, што во својот стварен живот не може да си го дозволи.
Особено ако станува збор за сексуално отстапување кое за општеството навистина не е прифатливо. Тоа можат да се соништа за сексуалната девијантност, перверзии и задоволување на сексуалниот нагон на некој чуден начин, обично за човекот неприфатлив или непознат.
Значи,желби кои може да ги оствари само во сон. Се разбира, не е секогаш толку екстремно.Може да се работи и за сосема обични еротски соништа.
Ејакулацијата во сон е потсвесно самозадоволување. Всушност, многу мажи имаат кажано дека ноќната ејакулација нема никакво влијание врз нивната сексуална активност следниот ден, што значи дека поради тоа немале никаков проблеми со ерекцијата и можен замор.
Може да се каже дека оргазмот во сонот воопшто не влијае на оргазмот во будна состојба, и тогаш кога меѓу тие два оргазма има многу мала временската разлика.
Значи, ејакулацијата за време на спиењето не дава никаква основа за каков било страв.