Учете од нив: Совети од девојки кои го обожаваат сексот
Девојките кои сметаат дека нивната сензуална игра со партнерот би можела малку да напредне, би требало да ги послушаат советите од поискусните девојки, бидејќи тие навистина имаат што да кажат.
Девојките кои го сакаат сексот и уживаат во него, ги открија своите тајни и искуства, кои сигурно добро ќе ви дојдат:
1. Бидете подготвени
„Три пати неделно вежбам јога. Горда сум на фактот што можам да изведам незамисливи движења и пози, ако ништо друго барем партнерот ќе ме помни по тоа.”
„Еден период од денот задолжително го користам на фантазирање за сексот, па дури и на работен состанок. Тоа ме одржува среќна и ми дава енергија за секс штом стигнам дома.”
„Пишувам романтичен, секси дневник каде ги забележувам сите свои искуства: добри, лоши, забавни и катастрофални. Кога ќе почувствувам дека врската ми навлегува во рутина, го читам дневникот и се потсетувам колку можам да бидам добра.”
2. Соло акција
„Не се откажувам од мастурбација, без разлика колку е добар сексот во врската. Тоа време кое го одвојувам за себе ме одржува жива. Малку звучи себично, но, сепак гарантира дека ќе останам поврзана со своите потреби.”
„Се гледам гола откако ќе се истуширам. Понекогаш дури и се гледам во огледало додека се самозадоволувам. Тие моменти ми помагаат да се сетам дека моето тело не е закачалка за облека, туку е сензуално...”
3. Потребни додатоци
„Некои со себе секогаш носат гума за џвакање, но јас пред состанок пијам чај од ѓумбир. Тој ме освежува однатре, а некои тврдат дека е афродизијак.”
„Своите секси играчки не ги чувам само за себе.”
4. Фантастична предигра
„Кога ќе забележам дека моето момче не планира да го направи првиот чекор, јас сум таа која дава иницијатива за секс.”
„Бакнувањето е предигра за предиграта.”
„Сакам да бидам над него додека му пружам орален секс, па така и јас ќе го добијам тоа што го сакам. Ви звучи познато 69? При таа поза јас повеќе сум наведната кон напред за да можам да го контролирам него. Тоа е одличен начин за подучување на момче кое не е вешто во оралниот секс.”
5. Главно случување
„Понекогаш, во текот на сексот уживам во „валкани“ приказни. Особено кога сум со ново момче и кога не се познаваме доволно добро. Тоа ме возбудува и така дознавам што тој сака, а што јас сакам. Сѐ е толку интересно и никогаш не знаеш во кој правец би се развиле разговорите.”
„Сакам на мажот да му давам до знаење дека е на добар пат. Понекогаш тоа го слушаат и соседите, но зошто да не ја споделите среќата со другите?”
„Никогаш не одбивам секс. Можеби звучи лошо, но во врска сум со години и не сакам да бидам дел од жените кои се извлекуваат со умор и главоболки. Кога сум уморна, само сум помалку активна, но како што расте возбудата сѐ повеќе се загревам.”
„Сакам да пробам сѐ, барем еднаш. Ако на неговиот предлог првата реакција ми е гадење и одбивност, тоа е знак дека треба да се натерам да го пробам. Не можам да научам ништо ново ако ги избегнувам невообичаените работи.”
„Се грижам сексот да трае што е можно подолго со помош на едно стискање. Со палецот и показалецот го фаќам коренот од неговиот пенис и правам притисок. Тоа го забавува и ми дава време за повеќе уживање.”
„За време на сексот, очите ги држам отворени. Сакам на тој начин да се поврзам со партнерот, па дури и ако тој има затворени очи, сепак тоа ми помага да уживам во моментот.”
„Во креветот се смеам. Добриот секс ме прави среќна. Зошто да не го покажам тоа?”