Факти за ерекцијата кои не сте ги знаеле, а треба!
Многу често се зборува и се пишува на сексуални теми, но најчесто тоа се некои поатрактивни или попровокативни теми.
Од друга страна пак, се забораваат дел од сексуалните теми. Кога се работи за машката страна, постојат некои особено интересни факти за ерекцијата кои се недоволно познати.
1. Не е секоја ерекција иста
Постојат различни видови ерекција. Рефлексна - која настанува при контакт, психогенична - за време на некоја сексуална фантазија и ноќна – во сон. Вторите два вида ерекција може да се појават несвесно.
2. Пушењето и алкохолот не се добри за ерекцијата
Мажите кои патат од еректилна дисфункција треба да намалат со алкохолот и цигарите.
3. Оралното задоволување може да го зголеми пенисот
Една студија открива дека пенисот е поголем по оралниот секс, отколку по мастурбација.
4. Колку повеќе сон, толку подобра ерекција
Недостатокот на сон негативно влијае на сексуалната желба и на нормалниот циклус ерекција за време на ноќта.
5. Приватноста е важна
Кај некои мажи на ерекцијата им влијае и местото каде што водат љубов. Ако живеат со неколку цимери или имаат деца, на некои мажи може да им треба малку време за да се навикнат на околината.
6. Мастурбацијата е важен фактор
Ако мажот не мастурбира неколку дена во неговиот пенис ќе се подобри крвотокот, откако повторно ќе биде стимулиран, со тоа пенисот ќе биде потврд и поголем за време на ерекцијата.
7. Големината е важна
Важно е колку сте тешки и крупни. Подебелите мажи имаат пониско ниво на тестестерон и немаат силна ерекција. Одржувајте ја телесната тежина.
8. Кондомот може да пречи
Кондомите може да бидат пречка за некои мажи. Една студија открила дека некои мажи имаат проблем со ерекцијата кога носат кондом. Затоа нив им е потребна дополнителна стимулација и повеќе време за да доживеат оргазам.
9. Неконтролираната ерекција е многу почеста
Иако на некои жени може да им се допаѓа ненадејната ерекција на партнерот, нему може да му е непријатна, особено кога тоа се случува на јавно место.