Македонските момци откриваат: Која е разликата меѓу девојка за една ноќ и за врска?
Колку пати до сега сте се нашле во ситуација да имате секс за една вечер и никогаш повеќе да не се слушнете? Која е добрата страна на сексот за една ноќ?
Се прашувавме дали и како мажите ги разликуваат девојките за една вечер и девојките за озбилно и што е она што го очекуваат од истите, па затоа направивме кратка анкета со момци на различни возрасти на оваа тема.
Еве ги нивните размислувања:
Девојка за една вечер е некоја што изгледа многу добро. Згодна е, слаба, со големи гради и задник, рамен стомак, како девојките од филмовите и спотовите. Таа што е за една вечер, не се трудам да ја освојувам нешто посебно, обично сама покажува дека го сака истото. Се разбираме. Девојката за врска исто така треба да изгледа убаво, супер би било ако е еднакво згодна како другите, но поважно е да знае да разговара на различни теми, да ме поддржува во тоа јас што го сакам и да ме сака. (Петар, 20)
Кај девојката за една вечер доволен ми е само добар физички изглед и да е лесно достапна. Девојката за врска треба да има добар физички изглед, слично размислување, да сме на иста бранова должина, да има смисла за хумор и да биде независна. (Андреј, 28)
Според карактерот, изразеноста на егото и експресијата на лицето при разговор на темата љубов, ми се одлучувачки фактори за тоа дали девојката е за нешто повеќе од една вечер. Ако успее со тоа да ме освои, другото не е важно. Ако не ми се допадне како се претставува во овие 3 клучни работи, тогаш можеби ќе ми биде доволна само за една вечер. (Дејан, 33)
Таа за една вечер, не мора да „лепотица“, згодна и да си одговарате за муабет, често пати само треба доволна количина на алкохол. Може да биде и некој вид на предизвик, или само да ти прави мерак на прв поглед за задоволување на потреби (најчесто сексуални за кои со девојката за озбилно треба да се потрудиш малку повеќе да ги добиеш – фелацио и останати експериментални садо мазо игри во креветот). Додека кај девојка за врска, покрај надворешна убавина, треба да поседува човечки квалитети, да се смее на твоите шеги, колку понекогаш и да се лоши, да е задоволна со она што го поседуваш, како материјално, така и духовно и сексуално, едноставно да ти е убаво постојано покрај неа. (Горан, 29)
Девојките за една вечер и оние за врска на прв поглед ги делам според начинот на облекување, разголено - провокативно или фино и пристојно. Според говорот на тело, дали имаат подиректен пристап или се посрамежливи. Важен е и начинот на кој нејзините пријатели се однесуваат кон неа. Тоа многу кажува дали ја ценат и заштитуваат или само се зезаат со неа. (Мето, 26)
Кратко и јасно, девојката за една ноќ „ти се брои.“ Затоа што денес е многу важно да си имаш неколку цртички позади тебе за да бидеш вистински маж, девојките за една ноќ се баш тоа - уште една црта. Кога ќе си докажеш сам на себе дека си доволно маж, тргнуваш во потрага по примерна девојка за врска која има далеку помал број на мажи, отколку ти на жени позади себе. (Дарко, 28)
Уште 6 искрени одговори ве чекаат на следната страна...