Сите венчавки се романтични, но ниедна не е како оваа
Мишел и Џои Џонсон се запознале во 2012 година на еден музички натпревар и почнале да се забавуваат. Родени се на ист датум и имале исто презиме уште пред да се венчаат.
Тој е војник ветеран, кој се вратил од Авганистан. Но, само по неколку месеци доживеал сообраќајна несреќа со неговиот мотор при што ја повредил половината.
Од тоа останал неподвижен во количка, но не го спречило ништо за да ја одржат венчавката и да ѝ приреди посебно изненадување на неговата Мишел.
Кога таа влегува во салата почнува да плаче од радост и неверување што го гледа како стои и ја чека.
Му се приближува и заедно го одигруваат првиот танц на песната „А Thousand years“.
За неа тоа било остварување на сонот и прекрасно чувство, повторно да стои покрај него. Ништо не е поважно и поромантично од искрената среќа за најобичните работи.
Погледнете го најромантичното видео: