Најдобрите секс пози за 5 различни ситуации

Сакате бебе? На партнерот му е премал или преголем? Ова се вистинските секс пози за вас...

najdobrite-seks-pozi-za-5-razlicni-situacii-1

Не постои ситуација, во која не може да ви помогне вистински одберената секс поза.

За да имате квалитетен и удобен сексуален живот и да го постигнете она што го сакате, тогаш откријте која поза треба да ја одберете:

Најдобрата секс поза за правење на бебе

Факт е дека можете да забремените во било која секс поза, но доколку барате поза во која ќе имате најголеми шанси за бременост, тогаш практикувајте ја мисионерската поза. Тоа е класичната положба во која мажот е горе, а најдобро е да го подигнете задникот при односот (со помош на перница), што ќе овозможи полесно доаѓање на сперматозоидите до јајце клетките. Не заборавајте дека женскиот оргазам ги зголемува шансите за бременост.

Најдобра секс поза за зголемување на самодовербата

Доколку имате проблем со самодовербата за време на интимните моменти или некој дел од вашето тело претставува извор на срам или фрустрација, најдобар лек за тоа е девојката да бидете одозгора. Пробајте различни положби, но секако вие водете ја играта и преземајте иницијатива.

Најдобра секс поза за максимално задоволство на жената

Девојки, добро читајте: Ако им веруваме на сексолозите, најдобрата секс поза за максимално задоволство е онаа која веројатно никогаш не сте ја пробале. Се работи за варијација на класичната мисионерска положба и е една од најретките пози за која постои научна потврда, дека доколку се изведе правилно, жената може да доживее вагинален оргазам. За да ја изведете, мажот треба да се лизга по вашето тело со рамениците, а трикот се состои во триењето и притискањето на карличната зона, а помалку сексуално „туркање”. Овој начин осигурува стимулација на клиторисот, заради што многу жени можат да доживеат оргазам.

Најдобра секс поза со надарен маж

Иако често се зборува дека големината не е важна, туку она што мажот умее да го прави. За вистинитоста на тој исказ одлучете вие, но сигурно ќе се сложите дека е многу важно мажот да умее да „раководи” со својот полов орган. Во ваква ситуација, не треба ништо да препуштите на случајност, бидејќи може да се доведе жената до повреда, посебно доколку таа е ситно градена. Мажот треба да лежи странично, а жената со раширени нозе да го прегрне околу струкот. Оваа поза, иако е необична и овозможува на жената да контролира колку „длабоко” посакува нејзиниот маж да навлезе, а во исто време да не го расипе задоволството на едниот или другиот.

Најдобра секс поза за мажи со мал пенис

Најдобрата поза е онаа кога жената е горе, но со клучна разлика. Најдобриот ефект се постигнува така што жената ќе се врти во круг на него, наместо горе и доле. Мисионерската положба е исто така добра, посебно кога нозете на жената се позиционирани на рамениците на мажот. Тоа ќе му овозможи да пенетрира подлабоко и максимално да ја искористи својата должина. 

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg