За каква девојка сонуваат?

kakva-devojka-e-son-na-mazite-povekjeДевојките секогаш се прашуваат што сакаат мажите и за што зборуваат кога се во машко друштво.
Има малку повеќе секс во машкиот ум, но тој не е...

 

...релевантен кога станува збор што очекуваат и што бараат од девојките. Дознајте каква треба да биде девојката која сериозно ќе ги заинтересира.

Врз основа на неколку студии во Велика Британија, мажите сериозно се поврзуваат со девојка која ги дели нивните интереси, која е задоволна со себе и нема проблем да го добие она што го сака. Тие сакаат жена, која ...

1. Знае што сака
Самоувереноста се цени. Многу мажи изјавиле дека ги одбиваат жените, кои сакаат премногу  да ги задоволат kakva-devojka-e-son-na-maziteдругите. Наместо тоа, жените кои знаат што сакаат и не се плашат да  го побараат тоа, се опишани како атрактивни, секси и пожелни.

2. Знае да ги насмее
Смислата за хумор им е важна на мажите исто како и на жените. Врската која нема добар дел на смеа многу брзо станува здодевна, ако воопшто и започне. Весело, неоптоварено или смешно - не е важно, се додека ги разбирате меѓусебните шеги и не се плашите да го фрлите достоинството во ветерот, и понекогаш да бидете „откачени„.

3. Која се грижи за себе
Да, изгледот го најде своето место на листата. Но, никој не ја наведе  убавината или долгите нозе како критериум. Наместо тоа, се чини дека од суштинско значење е негата и стилот. Мажите признаваат дека жените треба да трошат време на нивниот изглед и генерално да бидат уредни и организирани, а при тоа да ја избегнат категоријата скапо одржување

4. Која дели исти интереси со него
Ако не можат да се согласат што да прават заедно, почнува да станува комплицирано да останат заедно. На момчињата им е важно девојките барем некои од своите интереси  да ги делат со нив или барем да бидат отворени. Без разлика дали ги интересира спортот или старите филмови, тие би сакале тоа  да го поделат со нив. Иако тоа дури иако не е за вас, едноставната заинтересираност и отвореноста на умот према неговите желби и неговото хоби, е доволно да ги задоволи неговите потреби кои ги разбирате.

5. Знае да изненади
Ова не е баш и некое изненадување - спонтаноста е многу високо рангирана како пожелна женска особина, иако тоа подразбира различни дефиниции. За некои тоа е можност да се одлучат во моментот, или генерално да имаат покрај себе личност која е склона на авантури. За други, тоа е доволно жената да размислува поинаку од нив, и да ги изненадат со нејзиниот изглед, предлози или дела.

6. Знае да импресионира
Многу жени ја добиваат пораката дека мажите се плашат или се чувствуваат загрозени од интелигентната и моќна жена, но ова е чиста фикција. Момците сакаат некој кој можат да го почитуваат. Тие ја наведоа интелигенција како една од многу пожелните категории, а голем број од нив признале дека сакаат жена која е поинтелигентна од  нив. Моќта е навистина убава, затоа не се плашете да ги истакнете вашите најдобри особини.

7.  Знае да се спротистави
Не кажува секогаш се во лице, но момчињата ги сакаат жените кои работат по свое, дури и кога тоа не е во согласност со она што тие го сакаат. Независноста е силна и привлечна, и претставува плус кога тој  нае дека сте доволно самостојни, да бидете своја на своето .

8. Отворено  да зборува
Момци не сакаат да си играат компјутерски игри или да погодуваат што жената сака, па затоа ги привлекува искреноста, чесноста и способноста отворено да  комуницираат и јасно да го изразувате она кое го чувствуваат, а не момчињата да губат време  претпоставувајќи што се случува. Тие не се во можност да ги читаат мислите и се свесни за тоа. Да се биде искрен како се чувствувате е најлесно за сите.

9. Знае да се грижи за партнерот
Тие се интересираат за жена која е чувствителна. Девојката која е центар на сопствениот универзумот може да биде интересна во почетокот, но многу брзо здосадува, а мажите сакаат бидат третирани со исто онолку добрина и почит  колку и жената. Исто така тие гледаат како се однесува девојката и кога тие не се во прашање: туркање нож во грб и разгалено однесување е една од големите причина за одбивање.

10. Шармантна, забавна, добродушна, девојка која ќе го поддржува и ќе има разбирање.

Ете таква партнерка бараат мажите!

Би можело да ве интересира:

Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
Исповед на зависник од секс: „Ја изневерив сопругата со 300 жени уште пред да се венчаме“ (18+) „И покрај неверствата, имав секс и со сопругата скоро секој ден. Неретко бев мно...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg