Љубовни правила кои мора да ги прекршите

Најпрво соочете се со фактот дека вашите најблиски, без разлика на тоа што толку лесно и едноставно ви делат совети, сепак не се стручњаци кога е љубовта во прашање.

ljubovni-pravila-koi-mora-da-gi-prekrsite-1

Повеќето совети кои ги добивате не се поклопуваат со сите романтични ситуации, па затоа на овие 5 љубовни правила можете да заборавите уште веднаш:

1. Жените треба да чекаат мажите да го направат првиот чекор

Ако сакате да излезете со него, нема зошто да чекате тој да се јави. Ова застарено правило слободно пречкртајте го и започнете да се водите според ова: ако нешто сакате, направете го!


2. Никогаш немојте да си легнувате лути

Секако полесно е да ги решите сите работи и следното утро да се разбудите чувствувајќи се олеснително. Но, тоа не значи дека треба да се расправате до 4 наутро, туку понекогаш е добро да здивнете и за миг да ги тргнете мислите од несогласувањата.


3. Не се расправајте за финансии, не е романтично

Да се зборува за финансии на првиот состанок секако дека не е воопшто романтично. Но, доколку врската стане посериозна, тогаш во ред е да зборувате за навиките за трошење и штедење.


4. Потребен ви е ултиматум

Ултиматумот никогаш не е добра идеја, бидејќи тој наместо да ви помогне во врската, ќе ве натера да чувствувате обврска кон одредени нешта. Најдобро е отворено да разговарате за иднината и очекувањата од неа, за да видите дали вашите цели, желби и приоритети некаде се поклопуваат.


5. Не гледајте порно филмови, бидејќи штетно влијаат врз вашиот сексуален живот

Освен ако не се чувствувате незгодно, гледањето на порно филмови во пар може да биде еротично искуство. Сѐ додека не го сфаќате премногу сериозно она што го гледате, порно филмовите можат да ве инспирираат за да ја вжештите атмосферата во спалната соба и да го зачините сексуалниот живот. 

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg