5 работи кои жените никогаш не им ги кажуваат на мажите

Колку и да се блиски мажите и жените, секогаш ќе постојат некои работи кои никогаш не би ги кажале или признале. Некогаш затоа што не сакаат да се откријат целосно, но понекогаш има работи кои едни за други не би ги разбрале.

5-raboti-koi-zenite-nikogas-ne-im-gi-kazuvaat-na-mazite-01

Особено има работи кои кога мажите ќе ги слушнат побрзо би се прашале како воопшто жените помислиле на тоа, а дури потоа што би требало да значи кажаното.

Затоа, некои работи жените не се ни трудат да ги објаснуваат, но не ги ни кажуваат.

1. Колку време поминуваат во подготовка за излегување

Часовите поминати во подготовка за излегување, бирање гардероба, шминкање и средување на косата, мажите никогаш нема да ги сфатат бидејќи никогаш не им е потребно толку време за подготовка. Покрај тоа, повеќе би сакале да остават впечаток дека природно изгледаат така, отколку дека им требале неколку часа за тоа.

2. Деталите за менструалниот циклус

Оваа тема секако не е атрактивна за мажите. Нема потреба да се зборува за нешто кое не го разбираат и не можат многу да помогнат. Жените го користат овој разговор само за да им послужи како оправдување кога сакаат да избегнат нешто.

3. Колку често им го прегледуваат Фејсбук профилот

Колку и да негираат, жените не можат да одолеат на предизвикот да не го отворат профилот на својот партнер и да пронајдат некој детаљ од кој сами ќе си изведат некој заклучок. Но, тоа никогаш не би им го признале на мажите дека го прават по неколку пати во денот.

4. Колку често им се додворуваат другите мажи

Погледите и безопасните додворувања се случуваат и кај едните и кај другите, но додека не се зборува гласно за тоа, нема потреба да се прави проблем. Инаку реакцијата секако не би била пријатна.

5. Колку долго чекаат да им одговори на пораката

За жените чекањето повратен одговор од партнерот на некоја испратена порака се чини како вечност. Кога ќе ја добијат сè поминува, но никогаш не би му признале за нервозата која ја чувствуваат.

Што никогаш не би му кажале на вашиот партнер?

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg