25 цитати за љубовта
Љубовта е една од најдобрите работи во светот која е бесплатна и ни стои на располагање секој ден, во секоја минута, на секое место. Таа е насекаде околу нас, само е потребно да го промениме начинот на размислување и погледот кон светот за да ја забележиме.
Доколку и покрај тоа не успеете да ја забележите, овие 25 цитати се показатели кои ќе ви помогнат да ја препознаете.
- Ја прифаќаме љубовта која мислиме дека ја заслужуваме.
- Љубовта е чувство кое не се искажува со зборови, се искажува преку дела.
- Љубовта не познава за граници, доколку тие постојат тоа не е љубов.
- Тенка е линијата помеѓу љубовта и омразата.
- Љубовта е во сродна врска со пријателството.
- Не можеш да му понудиш само пријателство, на тој што бара љубов. Тоа е како да му даваш леб на онок кој е жеден за вода.
- Не постои вистинско време и место за љубовта. Таа се случува спонтано.
- Љубовта е состојба во која вашата среќа е правопропорционална со среќата на другиот.
- Ако не можеш да ја насмееш жената, не можеш да ја натераш ниту да се заљуби во тебе.
- Љубовта не бара совршенство, таа бара трпеливост, лојалност и посветеност.
- Љубовта никогаш не умира сама, луѓето ја убиваат.
- Незрелата љубов вели – "Те сакам бидејќи ми требаш". Зрелата љубов ќе каже – "Ми требаш бидејќи те сакам".
- Светот без љубов би бил само едно здодевно место.
- Ако не постои љубовта, никогаш нема да се пронајдеме во тажните песни.
- Подобро да имате очи кои не гледаат, уши кои не слушаат, усни кои не зборуваат отколку да имате срце кое не може да сака.
- Заљубувањето е како скокање од висока зграда. Умот ви кажува дека тоа не е паметна идеја, но срцето ве убедува дека може да летате.
- Љубовта е состојба која се одразува со несоница, бидејќи кога љубите реалноста е едноставно подобра од соништата.
- Љубете повеќе од вчера и помалку од утре.
- Љубовта и победата се првата најдобра работа, а љубовта и губењето втората.
- Од допирот на љубовта секој станува поет.
- Вистинската љубов нема крај.
- Љубовта е духовен оган кој се распламтува во душата на секој човек.
- Љубовта е живот, ако ја испуштате љубовта го испуштате и животот.
- Љубовта е пријателство кое пламнало во оган.
- Љубете бидејќи само така ќе имате причина за будење наутро.
- Кога еднаш ќе ја вкусите љубовта, секогаш ќе бидете гладни за уште.