10 работи кои се полоши од изневерување
Факт е дека изневерувањето може да ја уништи врската и потполната доверба, но не секогаш е тоа пресудно за крајот на врските.
Тоа не е најлошото што може да се случи. Овие 10 работи повредуваат многу повеќе од една безначајна вечер со безначајна личност:
1. Откажување од бракот или врската со изговор „веќе не те сакам.“
2. Дoверување на друг маж/жена за проблемите.
3. Финансиско изневерување, односно криење на пари и скриени лични трошоци.
4. Криење на зависност од дрога или алкохол.
5. Споделување на тајните на партнерот со трети лица, без негова/нејзина дозвола.
6. Константно лажење. Дури и признавањето на неверството е подобро отколку неговото криење.
7. Позајмување на пари од пријателите или семејството, без другиот партнер да знае за тоа.
8. Озборувањето зад грб.
9. Моментот на признавање дека тој не сака да биде татко или таа мајка.
10. Користење на децата против едниот родител.
Што е за вас полошо од изневерување?