9 љубовни врски во кои сигурно сте биле до сега
Колку мажи постојат во светот - толкав број на различни емотивни врски постојат. Од оние кои ќе ви го скршат срцето, преку оние на кои едвај се сеќавате или сè до врските кои ве тераат да се запрашате дали љубовта постои...
Некои се подобри од останатите, некои можеби полоши, но факт е дека од секоја врска ќе научите нешто ново и корисно.
Во секој случај, ова се 9-те врски во кои секој до сега се нашол:
1. Прва љубов
Најверојатно ова е врската после која ви се чини дека целиот свет се руши. Иако веќе не знаете каде е, со кого е и што прави човекот кој некогаш ви беше сè, па можеби и не знаете како изгледа, секогаш со задоволство ќе се сеќавате.
2. Врската која однапред е осудена на пропаст
Иако пријателите, родителите и целата околина ви тврди дека тоа момче/таа девојка не е за вас, вие решавате да и дадете шанса на „љубовта“. И нормално, по неколку месеци раскинувате.
3. Магичниот круг на раскинувања и смирувања
Неколку месеци е супер, па неколку недели не се поднесувате - нема човек кој не го доживеал овој магичен круг.
4. Летна авантура
Море, плажа, сонце, пијачки... Се сеќавате?
5. Врска во која вложувате мислејќи дека е онаа вистинската
Сите ви зборуваат да забавите, ама вие сте решени да вложите буквално сè. Верувате дека сте создадени еден за друг, но по неколку месеци сфаќате дека најголемите љубови најбрзо згаснуваат.
6. Не знаете на што сте
Заедно сте? Или не? Можеби сте пријатели кои имаат повремен секс? Или и тоа не сте? Сигурно до ден денес не разбирате што бевте...
7. Врската на која цел живот ќе и се смеете
Присетувањето на самата врска и личноста со која бевте ви буди насмевка, но не од убавина, туку од глупавоста на која и подлегнавте затоа што бевте млади.
8. Секс шема
Сексот е одличен, мислите дека сте создадени еден за друг, но кога ќе размените неколку реченици, сфаќате дека немате ништо заедничко.
9. Врската која дефинитивно изгледа како вистинската
Најверојатно моментално сте во ваква врска, за која верувате дека е онаа вистинската. Сепак, никогаш не знаете во која од горенаведените може да се вброи...