5 секс совети кои жените треба да ги испробаат уште денес
Наместо да се мислите како да ја разбиете сексуалната монотонија, одберете место и време кога ќе испробате еден од овие жешки совети:
1. Не се плашете да испуштате звуци
Ваш стан, ваша слобода. Опуштете се и испуштете по некој звук кога и да имате потреба. Ако ви се вика погласно - не се срамете. Вашиот партнер уште повеќе ќе се потруди кога ќе види какво задоволство може да ви овозможи.
2. Ноќ за орален секс
Посветете една ноќ во неделата или месецот исклучиво за орален секс. Обидете се да го доведете партнерот до самиот врв, без да преминете на сексуалниот чин.
3. Мокра маица
Облечете маица без градник, одете под туш и остварете му ја најголемата фантазија. Тешко дека ќе ви одолее.
4. Направете нешто спротивно од она што го правите
Поголем број од луѓето имаат нежен и бавен секс, па затоа забрзајте го. Ако вие сте одозгора, овој пат легнете или обратно. Важно е да го диктирате темпото и да ги промените навиките.
5. Зборувајте валкано
За тоа не морате да употребите ниту еден безобразен збор, само кажете му што сакате да ви прави. Следете ги неговите реакции и ќе разберете колкава промена ќе доживеете.