8 добри совети за оние на кои раскинувањето им го скрши срцето

Раскинувањето никогаш не било и нема да биде лесно. Можеби затоа што лесно се вљубуваме и навикнуваме.

8-dobri-soveti-za-onie-na-koi-raskinuvanjeto-im-go-skrsi-srceto-01.jpg

Но, кога веќе ќе дојде до моментот на прекинување на љубовната врска, искрените совети на оние кои го поминале истото може многу да ви помогнат.

Ова се најдобрите 8 совети од анонимни личности споделени на Reddit:

1. Подарете си љубов

„Сакајте се и бидете нежни кон себе. Имајте трпение и не се брзајте.“

2. Запаметете дека раскинувањето може да биде благослов

„Речиси секој пат сфаќав дека ми е мило што врската завршила. Кога и да помислев на иднината со него, таа не беше убава. Така заклучив дека е добро што сме прекинале. Потребно е време, но мора да продолжите понатаму.“

3. Најдете ново хоби или начин да ги оттргнете мислите од него/неа

„Кога и да западнев во длабоки мисли и самосожалување, пишував дневник по околу 20 минути, а потоа правев нешто неврзано со мислите. Читав книга или играв игра. Тоа ми помагаше да не размислувам, туку да го насочам вниманието на нешто поинакво.“

4. Научете да се фокусирате на позитивните работи

„Мора да се потсетите на сите позитивни работи кои ви се случиле и да ги избегнете негативните мисли колку што можете.“

8-dobri-soveti-za-onie-na-koi-raskinuvanjeto-im-go-skrsi-srceto-02.jpg

5. Искористете ја можноста да се подобрите

„Размислувајте за тоа што направивте добро, а што лошо. Така, во следната врска ќе бидете многу подобри. Бидете искрени кон себе и извлечете го само најдоброто од завршената врска.“

6. Дајте си време да се запознаете

„Тоа е како ментално патување. Живеете и учите како да се борите со помешаните чувства. Помислeте како сето она што ви се случи ве промени. Запознајте се повторно.“

7. Запаметете дека тоа ќе ве зајакне

„Губењето на важни луѓе е голем товар, без оглед дали се работи за развод или раскинување. Товарот е тука, но тој ве прави посилни.“

8. Повторно ќе се заљубите, но во вистинска личност

„Своето момче го запознав кратко по болното раскинување со бившиот. Прво секој ден мислев на бившиот, а сега ретко кога се сеќавам на него. Понекогаш е потребно да се појави вистинската личност за да сфатиме зошто сè претходно не успевало.“

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg