Ако флертувате он-лајн...
Денес се повеќе луѓе својот идеален партнер го бараат преку интернет. Овој начин на комуникација особено е интересен на мажите затоа што патот до...
...женското срце преку интернет е пократок и поедноставен. Пред да се одлучите за состанок со личноста која сте ја запознале на интернет мора да научите неколку знаци на кои треба да обрнете внимание!
1.“Сакам самостојни жени“
Бидете сигурни дека тоа е маж на кој најважна работа на светот му е дружење со пријателите.
2. “Старомоден сум“
Оваа изјава открива маж кој во 21 век сеуште смета дека на жената местото и е во кујната. Ако сакате да бидете вечна домаќинка, ова е идеален маж за вас.
3. “Забавен сум“
Постои можност да се работи навистина за маж со кој никогаш нема да ви биде здодевно, но од друга страна тоа може да биде најдосадниот фраер кој сте го запознале. Колку навистина има смисла за хумор ќе дознаете кога ќе го запознаете.
4. “Барам девојка која се грижи за себе“
Ако веќе никогаш не сакате са облечете тренерка тогаш тој е вистинскиот. Пудрата од лицето ќе ја вадите само пред спиење, а истот се однесува и за штиклите.
5. “Тренирам фудбал“
За викенд постојано ќе гледате натпревари пред телевизор.
6. “Не сум за сериозна врска“
Бидете сигурни дека е заинтересиран само за секс. Во овој случај врската не доаѓа предвид.