Го сонувате бившиот? Еве зошто се случува тоа

Се будите со насмевка на лицето, се истегнувате и продолжувате да се смеете, кога наеднаш сфаќате дека тоа било сон, а тој што сте го сонувале бил вашиот бивши.

go-sonuvate-bivsiot-eve-zosto-se-slucuva-toa-1

Насмевката од крива се претвора во права линија и вие си го поставувувате прашањето - Зошто го сонував него?

Прашањето има неколку алтернативни одговори од кои вие треба да го одберете вистинскиот:

Сте се заљубиле во некој друг

Девојките кои излегле од стресна врска неодамна и се заљубиле во нова личност, секогаш се под притисок од сеќавањето на бившиот партнер.

Ако и вие сте биле дел од една ваква врска, притисокот на минатото може да биде причината поради која го сонувате бившиот.

Ослободете се од негивните чувства, гневот и лошите сеќавања. Тогаш соништата во кои тој се појавува ќе се претворат во соништа со вашиот нов партнер.


Ви недостига сексот со него или сексот воопшто

Доколку сте уживале во сексот со него, најверојатно ви недостига таа природна активност која одреден период сте ја практикувале со него и затоа имате еротски соништа во кои тој е главната улога.

Запрашајте се, дали ви недостига тој или само сексот. Доколку се работи само за секс, тоа чувство ќе исчезне кога ќе запознаете нова личност, а соништата ќе престанат.


Ви недостига неговото присуство

Доколку на претходното прашање сте си одговориле дека ви недостига тој и неговото присуство, повеќе од сексот, вие се чувствувате како и секоја нормална девојка после болно раскинување. Затоа и го сонувате бившиот.

Продолжете со животот и чекајте го вистинскиот, а соништата сами ќе престанат со текот на времето.


Пред спиење размислувате и се прашувате зошто

Најверојатно пред спиење размислувате за тоа што се случило и постојано го барате одговорот на прашањето - Зошто?

Тоа е причината поради која тој често е присутен во вашите соништа, во кои според вас се обидува да ви даде одговор на прашањето.


Сè уште имате чувства кон него

Доколку чувствувате сè уште нешто кон него, не е потребно да се прашувате зошто тој ви доаѓа секоја вечер во соништата и ве мачи со неговото сеќавање.

Ако не сакате да продолжите секоја вечер да заспивате сами, дајте ѝ втора шанса на врската и ставете крај на соништата. Почнете да ги остварувате заедно со вашиот бивши партнер.

Зошто вие го сонувате бившиот?

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg