Жените се слични на мажите: Меркаат други жени и сакаат само секс

Без разлика на причината, жените понекогаш сакаат само секс. Исто како и мажите, и жените ги гледаат другите жени од глава до пети.

zenite-ponekogas-sakaat-samo-seks-isto-kako-i-mazite-01

Можеби се понежен пол, но понекогаш знаат да бидат многу слични со мажите.

1. Понекогаш не сакаат врска

Зацврстено е мислењето дека секоја жена сонува за својот принц на бел коњ. Но, понекогаш и жените сакаат тој принц да „го паркира својот коњ“ пред нејзината врата, наместо чевличка да носи шише вино и наместо да ѝ симнува ѕвезди, да се покаже добро во креветот. Понекогаш девојките не посакуваат појадок во кревет, туку да си замине уште вечерта и тие да ја имаат сета слобода на светот. Можеби само сакаат да го преболат бившиот, концентрирани се на кариерата или едноставно сакаат само секс. Баш исто како и мажите.

2. Понекогаш гледаат порно филмови

Тотална лага е дека само мажите гледаат порно. Вистина е дека само повеќе ја сакаат порнографијата. Неодамна едно истражување покажало дека жените најмногу ги привлекуваат лезбејските порно филмови, што нема врска со нивната сексуална ориентација, туку со тоа дека има повеќе предигра, понежни се итн.

3. Понекогаш не сакаат да се галат

Уште еден стереотип за жените е тоа дека само тие сакаат постојано галење. Но, вистината е дека и нив понекогаш тоа им е досадно. Посебно после сексот кога повеќе би сакале да се завртат и да заспијат. Утредента и нив ги чека нов ден кога треба да станат рано.

4. Понекогаш и тие ги гледаат другите жени

Исто како и мажите и жените ги меркаат другите жени. Сакаат да видат убаво средена жена, но разликата е во тоа што погледот не им се задржува на градите и задникот туку на облеката.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg