9 типа секс кои сите девојки ги доживеале во 20-тите
Во 20-те сигурно сте имале неколку партнери од кои сте добиле различен секс или пак еден со кој сте доживеале повеќе видови.
И во првиот и во вториот случај, сите се сеќавате на овие 9 типа секс:
1. Секс после кој едноставно сакате да си одите дома, затоа што креветот ви е многу помил од дечкото кој е покрај вас. Сексот беше океј, но сепак нешто недостасува...
2. Сексот кој беше толку добар, што ве натера да се изнервирате зошто сите претходни искуства не биле такви. Како тоа оргазмите не можеле да бидат толку силни?
3. Секс за време на менструација. Затоа што конечно решивте да пробате и сфативте дека и тоа може да биде добро.
4. Диктаторски секс. Веројатно сте го доживеале откако сте се ослободиле од срамот, па сте побарале сè што сакате.
5. Сексот кој ве натера да се запрашате: Како може да имаш толку години, а да си толку лош во ова?
6. Удобен секс. На вистинско место, во вистинско време, со вистински човек.
7. Секс со партнер кој мисли дека акцијата не е завршена додека вие не доживеете оргазам. Ова всушност е единствениот вид на секс кој треба да го практикувате.
8. Секс со партнерот кој премногу го сакате. Оној или онаа за кој/а имавте длабоки чувства и тие беа возвратени.
9. Сексот кој е толку добар што посакувате да останете таму до крајот на животот. Лесно е да си го замислите дури и бракот со ваков секс.