10 прашања кои откриваат: Дали е љубов или навика?
Огромен дел од луѓето кои се во подолги врски се двоумат дали треба да останат или заминат, дали се во врската од љубов или од едноставна навика.
Ако и вие ја имате оваа недоумица, одговарајте со „да“ или „не“ на секое од овие 10 прашања:
1. Партнерот постојано го споредувате со партнерите на пријателите, а заклучокот е секогаш ист - тие се посреќни.
2. Ви досади дури и да се карате.
3. „Те сакам“ го изговарате од навика. Всушност, не се сеќавате кога последен пат сте го кажале.
4. Не се сеќавате кога последен пат сте имале жежок секс.
5. Насмевката на лицето ви се развлекува само кога ќе помислите на минатото и како беше некогаш.
6. Размислувате дека раскинувањето може да ве оптовари финансиски.
7. Речиси ништо не правите заедно. Немате хоби, или активност која ве поврзува.
8. По крајот на работното време повеќе сакате да излезете сами, отколку да одите дома кај партнерот.
9. Често излегувате со пријателите, а многу ретко одите на романтични состаноци.
10. Веќе долго размислувате за неверство.
Доволни се 6 потврдни одговори за да излезете од врската во која што сте. Очигледно, не сте во неа од љубов.