Кога сексот станува лош...

Без разлика дали се наоѓате во долга врска или било каква врска која се базира на сексуален однос, секогаш доаѓа период кога нешто едноставно не е во ред во креветот.

koga-seksot-stanuva-los-povekje2.jpg

Вие не сте толку возбудени како порано, а вашиот партнер не се труди да ве задоволи како порано. Едноставно сексот станува лош и досаден, а тоа не е добар знак за врската.

Немојте да стравувате бидејќи постои решение за овој проблем.

Ова се неколку чекори со кои ќе ја разгорите страста во креветот повторно без предупредување на вашиот партнер:


Предиграта нека биде задолжителна

Тој веднаш преминува на главното, а вие сакате галење. Нема жена која не ја сака предиграта. И мажите ја сакаат, но често не се свесни за тоа.

Освестете го вашиот сакан и поставете му услов - Нема предигра, нема секс. Подоцна ќе ви биде благодарен за тоа, бидејќи предиграта ќе го возбуди уште повеќе.


Бидете сексуално недостапни

Доколку сексот со партнерот ви станал рутина нормално дека истиот ќе ви стане и здодевен. Тој знае дека може да веима кога сака и не се труди да ве добие. За промена, нека почека неколку денови пред да му се предадете повторно.

Едноставно бидете сексуално недостапна за него - чекањето ќе го возбуди, а сексот после тоа ќе биде експолозивен.


Испробајте 69 или анален секс

Освен менувањето на различни пози во креветот, подобрете го сексот со нешто ново уште вечерва.

Како на пример позата 69 од која сте се срамеле или аналниот секс кој вашиот партнер долго време ви го предложува. Верувајте дека сексот ќе стане за 99% подобар од претходно.

koga-seksot-stanuva-los-02.jpg

Секс на јавно место

Мала возбуда никогаш не е на одмет. Секс на јавно место секогаш ги возбудувало мажите, а сигурно помислата на тоа ве возбудува и вас.

Па зошто чекате? Адреналинот кој ќе го почувствувате од сексот на јвно место е незаменлив, бидејќи ризикувате да бидете видени.


Мастурбирајте пред него

Најнеобичниот совет кој сигурно ќе ја разгори страста во креветот е мастурбацијата пред вашиот партнер. Предложете му прво предигра која ќе содржи бакнување и допирање а потоа изненадете го со мастурбирање. Натерајте го и него да го направи истото.

Кога вашиот партнер ќе набљудува како вие сама се задоволувате и постигнувате оргазам тоа ќе го возбуди до максимум. После тоа самиот ќе сака да ве доведе до врвот на задоволството повторно.

Сервирајќи му нешто ново за истражување во сексот, никогаш повторно нема да се почувствувате здодевно во кревет.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg