Дознајте како, кога и каде ве изневерува партнерот
Дали би простиле неверство ако вашиот партнер искрено се покае? Ве изненадува ли тоа дека многумина би простиле? Можеби во секој од нас се крие прељубник кој само го чека вистинскиот момент.
Дознајте ги деталите и навиките на прељубниците кои може да ви помогнат за да го откриете партнерот.
Бројот на сексуални партнери
Колку некој имал повеќе партнери во животот, толку се поголеми шансите да изврши неверство. Еднакво се однесува и на мажите и на жените.
Патувања
Според истражувањата, најголем број прељубници изневеруваат за време на патувањата. Веројатноста за неверство е уште поголема ако партнерката е бремена.
Образование
Колку е жената пообразована, толку е помал ризикот да го изневери момчето или сопругот. Исто така, при изборот на љубовник, повеќето од нив ќе изберат маж кој е пообразован од нивниот партнер.
Финансии
Колку е мажот повеќе финансиски зависен од својата партнерка, шансите за неверство од нејзина страна се зголемуваат. Истото важи и за мажите кои заработуваат многу повеќе од своите партнерки.
Години
Жените најчесто може да направат прељуба до 35 години, додека мажите се склони на изневерување и во подоцнежниот период од животот. Исто така, мажите сакаат помлади љубовници, а жените бараат некој на нивна возраст.
Мажественост
Мачо мажите и оние кои се патријахално воспитани се повеќе склони кон изневерување.
Брачен статус
Се чини дека е вистина дека седмата година од бракот е кризна, според она што го покажуваат статистиките. Според тоа, шансите за неверство се зголемуваат по седмата година од бракот.
Среќа
Прељубниците често истакнуваат дека се посебно среќни во тој период додека изневеруваат.
Бојата на гласот
Гледајќи ги личните карактеристики, мажите кои имаат особено длабок глас и жените кои имаат особено висок глас се речиси двојно поголеми прељубници.
Незадоволство
Жените кои се незадоволни од односот на мажите се исто така двојно повеќе склони на неверство, додека оние кои се незадоволни од сексот се и многу повеќе неверни.
Во која ситуација вие би изневериле? А би простиле неверство?