Ја запросил девојката со помош од својот далматинец
Заборавете на сите „случајни танци“, видеа и билборди за запросување, она што е клучно е нешто спонтано, природно и со помош на најдобриот пријател кој ниедна девојка не може да го одбие.
Џои и Џастина се забавувале речиси една година. Но, Џои бил убеден дека токму таа е жената на неговиот живот и сакал што поскоро да ја ожени.
Барајќи интересен начин како да ја запроси, дошол до идеја дека далматинецот Бела е она што сигурно би ја освоило веднаш.
Купил прстен, а на ременчето на Бела закачил розево срце како привезок на кој пишува: „Ќе се омажиш ли за мене?“
Откако отишле на прошетка по плажата, ја пуштил од ланчето за да се истрча со постојан страв дека ќе влезе во водата и може да го изгуби привезокот.
Не издржал долго и ја повикал да се врати. Тогаш ѝ кажал на Џастина да ги погледне новите привезоци на ременчето на Бела.
Кога го видела изгравираното срце и се завртела, Џои веќе бил клекнат на колена со прстенот во рака, кој секако таа го прифатила.
Кој би можел да одбие вакво запросување?