Расположете ја за секс на 10 начини

Секој кој бил во долга врска, знае дека како што времето минува сексот се намалува, што може да стане голем проблем.

raspolozete-ja-za-seks-na-10-nacini-01.jpg

Кога ќе дојде до тоа важно е да не форсирате, туку да изнајдете начин како да ја натерате да се чувствува посакувано.

Ова се 10-те најдобри предлози:

1. Играјте ментални игри

Она во што мажите најчесто грешат е форсирањето или повикувањето на „должност“. Во овие ситуации престанете да го иницирате сексот, затоа што таа знае дека секогаш сте и достапни. Применете ја обратната психологија и поиграјте ментални игри ако сакате да добиете незаборавна ноќ.

2. Љубовта оди преку стомакот

Како и мажите, така и жените сакаат да уживаат во мала доза труд од партнерот. Изненадете ја со вечера по напорниот ден, наточете го нејзиното омилено вино и купете и го омиленото чоколадо. Тоа ќе ја натера да се чувствува посакувано, а меѓу другото и дека ви „должи услуга.“

3. Со комплименти до секс

Не го запоставувајте добриот и искрен комплимент, затоа што жените го обожаваат. Рано наутро шепнете и дека е прекрасна, а кога ќе ги облече потпетиците за на работа кажете и дека изгледа секси... Тоа делува како одличен женски афродизијак.

4. Посветете и една вечер на неа

Себичноста во креветот е првата машка грешка која жените ја мразат, па затоа овозможете и поинакво искуство. Истражувајте го нејзиното тело и натерајте ја да се чувствува важно и посакувано.

5. Жешки игри

Запаѓањето во рутина е најчестата причина заради која жените ја губат желбата за секс. Потребна ви е идеја, па суптилен секс-разговор, подготовки, па дури тогаш акција. Ќе треба да започнете постепено, но на крајот ќе ја добиете омилената секс сцена.

raspolozete-ja-za-seks-na-10-nacini-02.jpg

6. Масажа

Дури и ако тој ден не и е до секс затоа што е изморена, за тоа постои лек кој пали во 90% од случаите. Понудете се да ја измасирате и потрудете се тоа да трае долго. Преминете на поконкретни допири дури кога целосно ќе се опушти.

7. Подгответе се

Жените го ценат вложениот машки труд, исто како што вие цените кога таа ќе купи жешка долна облека. Затоа, внимавајте на она што таа го сака на вас. Ставете го парфемот кој го сака или облечете ги боксерките кои неколку пати до сега ви ги пофалила. Дури и да не ви се удобни, сметајте дека набрзо ќе ги соблечете.

8. Спонтаност

Ако сте навикнати да водите љубов само навечер, во кревет, променете ја рутината. Спонтаноста е најдобар пријател на љубовниот живот. Изненадете ја под туш, во автомобил, во кујна...

9. Пуштете ги кочниците

Предрасудата дека жените генерално сакаат водење љубов со романтика, а не див секс, најчесто ги одбива. И жените имаат сексуални фантазии, а ваша задача е да ги откриете. Ако повремено сте безобразен љубовник, со тоа и давате до знаење колку ви е привлечна и колку тешко се контролирате околу неа, што дефинитивно е возбудливо.

10. Малите гестови прават чуда

Не заборавајте на ситниците кои влијаат на задоволството. Мажите кои знаат да угодуваат и помагаат се многу попривлечни, заради што жените се полесно расположени за секс со нив. Пробајте да бидете пријател, советник и љубовник во едно.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg