11 работи кои им пречат на мажите за време на секс
Без оглед на тоа колку добро се чувствуваат кога се во кревет, и тие имаат стравови и ситуации кои никогаш нема да ги прифатат.
Ова се 11-те сценарија кои мажите ги вадат од такт додека имаат секс:
1. Играчки - Сите играчки ги доживуваат како потценување на нивната машкост. Нешто што најмалку посакуваат е натпревар со секс машина.
2. Прерана ејакулација - Ова е најголемиот страв кој очајно се обидуваат да го прикријат. Ако ви каже дека никогаш претходно не му се случило ова, дефинитивно му се случило најмалку 10 пати.
3. Тоа би било тоа? - Ниту еден маж нема да ви одговори на ова прашање. Па, не сте со него во кревет заради магионичарски трикови...
4. Непријатен орален секс - Нема ништо помалку секси од присилна насмевка и миење на устата по оралниот секс. Ниту сакаат да го видат тоа, ниту да „уживаат.“
5. Презервативи - Тие штитат од несакана бременост и полово преносливи болести, но повеќето мажи ги мразат презервативите и тврдат дека се „алергични“ на нив.
6. Секс во тишина - На мажите им треба охрабрување. Сексот без звуци е навистина чуден за нив.
7. Преголема галама - Постојат моменти кога воздишките се сосема доволни...
8. Големината не е важна - Ни во сон не сакаат да го слушнат ова. Секако дека е важна! Можеби не е клучна, но е важна.
9. Уште, уште... - Не оди тоа така. Ако штотуку ја завршил работата, не очекувајте дека ќе може да продолжи без пауза. И да сака, тешко дека ќе може...
10. Гризење и гребење - Неочекуваното, нежно гризење може да биде возбудливо, но не и пуштањето крв.
11. Желка положба - Ако не сте слушнале за оваа положба, веројатно сте жена. Мажите вака ги нарекуваат жените кои лежат на грб со опуштени раце и нозе и буквално не се помрднуваат. Ова е можеби најодбивната поза, ако може така да се нарече.