Пријатели со привилегии: Проверете дали сте подготвени?
Можеби сте го гледале филмот или ова е дел од некоја ваша фантазија, но не е толку едноставно како што ви се чини.
Можеби делува интересно и лесно, се познавате долги години, се забавувате кога сте заедно, ви се поклопуваат интересите.
Тој е човекот што ви ги разбира проблемите, ти си девојката која се смее на неговите глупави шеги и навива за неговиот омилен фудбалски тим, исти песни ви се омилени и нема ништо што би го прекинало вашето другарство.
Згора на тоа, најлесно си ги решавате љубовните проблеми и секогаш знаете вистинскиот совет да си го дадете.
Наеднаш, случајно подолго време сте сами, без други партнери и поминувате многу време заедно.
На почетокот делува забавно и не обрнувате внимание на хемијата која почнува да се создава или која постојано била присутна, но сега почесто ја забележувате.
Сè почесто ви се сретнуваат погледите на малку поинаков начин од претходно, случајните допири поинаку ги чувствувате, а потребата за поголема блискост и интимност е сè поизразена. Сè до она утро кога ќе се разбудите во ист кревет.
Тогаш ќе сфатите што се случило и колку ви било убаво. Наеднаш имате пријател и добар секс без да бидете врзани и да чувствувате некакви обврски кон него или неговите чувства.
Се чини едноставно, нели? Се дружите, се забавувате и ја задоволувате сексуалната потреба, но до кога?
Тој сигурно супер лудо се забавува и би можел така до крајот на животот, а ти?
Колку си подготвена и до кога можеш да бидеш само пријателка со привилегии?
Одговори си на следниве 5 прашања и провери:
1. Дали знам дека тоа е исклучиво само секс?
2. Дали сум свесна дека не смеам да се заљубам?
3. Дали сум свесна дека се минимални шансите за тој да се заљуби во мене?
4. Дали сум сигурна дека можам да уживам во сексот и да не очекувам ништо друго од него?
5. Дали покрај сето тоа ќе гледам други момчиња и ќе си барам потенцијален партнер?
Ако одговорот на сите овие прашања е „Да“, тогаш си подготвена. Но, ако само на едно прашање застана за да размислиш, големи се шансите дека вашето пријателство со привилегии ќе биде однос во кој тој ужива, а ти само чекаш можност за тоа да го претвориш во врска.
Биди искрена со себе, па ако мислиш дека постои и најмала шанса да се заљубиш, подобро не продолжувај со таквиот однос, бидејќи сигурно е дека ќе ти биде скршено срцето и ќе го загубиш најдобриот пријател.
Проверивте? Подготвени сте за пријателство со привилегии?