Како да го задржите човекот на вашиот живот?
Постојат парови за кои едноставно знаете дека порано или подоцна ќе се разделат, но дали сте и вие во ваква врска?
Понекогаш без разлика колку многу се сакате, сепак може да се чувствувате како да не сте еден за друг.
Ако сакате вашата врска да потрае, тогаш не се откажувајте, туку погледнете ги овие неколку совети кои ќе значително ќе ви помогнат:
Преземете одговорност за своите чувства
Ако верувате дека од вашиот партнер зависи дали ќе бидете среќни и задоволни, правите голема грешка. Живејте го животот на тој начин што ќе си дозволите да бидете среќни, а да не зависите од никој. Ако се случи да се скарате со него, не го казнувајте со молк и игнорирање, туку кажете му што точно мислите. Најпрво мора да научите да се сакате себе и да се изборите со сите ситуации.
Секојдневно покажувајте му колку ви значи
Врската е темели на љубов, нежност и чувства, но двојките кои се подолго време во долга врска понекогаш забораваат на овие работи. Опуштете се и отворете го срцето и допуштете вашата врска да биде токму онаква каква што и заслужувате.
Научете да сакате, а не да контролирате
Во врските партнерите најчесто имаат 2 цели: да научат да се сакаат себе и другите или да ги контролираат другите, да стекнат љубов и да ја избегнат болката. Ако потсвесно одберете да учите, ќе ја спасите врската, но ако одберете да контролирате, подгответе се да останете сами.
Уживајте во времето кога сте заедно
Ако излегувате заедно само затоа што тоа ви поминало во навика, не се надевајте дека врската ќе ви потрае. Врските напредуваат само кога партнерите уживаат во работите кои ги прават заедно.
Бидете благодарни за сите убави мигови
Бидете благодарни на се она добро и убаво што ви се случува од кога сте заедно и немојте да се оптоварувате со лошите работи, ниту да жалите по нешто што одамна поминало. Љубовната врска се заснова на взаемно почитување и комуникација, а ако обајцата сте свесни за тоа, тогаш верувајте дека ништо нема да може да ја наруши вашата врска.