Дали да се смирите со бившите?
Секому се случило да размислува за некоја стара врска, поранешен партнер, особено ако останале разочарани. Секогаш има нешто што сакате да го промените или мислите дека ако сте изреагирале поинаку можеби сè уште би биле заедно.
Но, дали е тоа доволна причина за повторно да се вложувате во врска која веќе еднаш се покажала како лоша?
Ако се прашувате дали да им се вратите на бившите, одговорот се наоѓа во вас, а овде има некои насоки за тоа како да дојдете до него.
Дали навистина ви недостига или само сте осамени?
Раскинувањето не е лесно да се преболи, но ако размислувате за враќање на бившите, пред да го направите првиот чекор запрашајте се зошто го правите тоа. Расчистете со себе дали навистина ви недостига партнерот или само се чувствувате осамено и не сакате да бидете сами. Со навраќањето ќе му дадете надеж дека може да се променат работите, а тоа не е најдобар избор ако не сте сосем сигурни во кој правец сакате да тргнете.
Зошто сакате да му се вратите?
По раскинувањето луѓето се присетуваат со носталгија и лесно заборавате на тешките моменти. Всушност поради тоа често сакаат да му се вратат на поранешниот партнер. Но, важно е да не дозволите розевите очила да ви го заматат видот. Најдобро е да се обидете повторно ако тоа го правите од вистински причини, бидејќи во спротивно, некој ќе биде повреден.
Зошто сте раскинале?
Ова е многу важно прашање – едноставно треба да се сетите на причината и да одлучете дали таквата врска е вредна за спасување. Размислете дали можете дали може да ја надминете причината, дали може да ги промените последиците и дали може да ги решите проблемите кои ве довеле до раскинувањето?
Дали можете повторно сè од почеток?
Ако одлучите да се смирите со бившиот партнер, најдобро е да почнете од почеток, советуваат брачните терапевти. Така, во обновената врска ќе влезете без замерки и емоционален товар кој би можел да ве кочи. Обидете се да не осудувате на основа на старата врска, туку да се концентрирате на новата врска.
Се сакате ли себе доволно?
Ова е важно прашање, особено ако во врската претходно имало навреди или омаловажувања. Се сакате ли доволно за да не дозволите повторно такво однесување или пак се согласувате на нови манипулации.
Дали вашиот/та бивши/а е навистина она што го сакате?
Дали бившите се она што навистина го сакате или има добра причина зошто се бивши? Дали сте сигурни дека не правите повторна грешка? Тоа го правите за да се усреќите себе или другите? Пред да се вложите себе во таквиот однос, поставете си ги овие прашања и не ризикувајте повторно да ви биде скршено срцето.