Вратете ги пеперутките во стомакот

Многу парови во врска забораваат колку е прекрасно да се излезе на состанок, а понекогаш е доволно само да се исклучите од секојдневниот рита и да земете малку време за себе и да ги вратите пеперутките во стомакот.

vratete-gi-peperutkite-vo-stomakot-1

Почетокот на врската е секогаш најубав, а една од најдобрите работи е дека токму во тие денови чувствуваме пеперутки во стомакот, кои со текот на времето поминуваат и започнуваат да ни недостигаат.

За среќа, можете да ги вратите назад...

1. Отидете на состанок

Првиот, вториот и третиот состанок се навистина возбудливи, а дури следните резултираа со вистински пеперутки. Потоа по одредено време едноставно престанавте, исто како и многу парови кои забораваат колку е убаво да се излезе на состанок. Почестете се со романтична вечера, флертувајте и уживајте како штотуку да сте се запознале. Пеперутките ќе се појават сами од себе.

2. Разделете се

Не на предолго, но земете една недела без пауза и обидете се да не се видите. На тој начин пеперутките сами ќе се активираат, но и добро ќе ви дојде оваа пауза. Кога повторно ќе се видите, ќе сфатите колку сте си недостигале.

3. Бакнувајте се

За жал, дури и бакнежите во долгите врски паѓаат во втор план. Едноставно забораваме на нив или не им предаваме голема важност. Но, ако барем еднаш дневно страсно се бакнете, ќе се почувствувате како штотуку да сте се запознале.

4. Отпатувајте

Не мора да трошите премногу пари и да отпатувате на другиот крај од светот. Доволно е еден викенд надвор од вообичаеното опкружување и ќе бидете посвежи, па одново ќе ги почувствувате пеперутките во стомакот. 

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Американка исмеана затоа што промовира правило за среќен брак: „Кој може да си го дозволи ова?“  „На секои 7 дена одиме на состанок, на секои 7 недели…“ Лајфкоуч од САД пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg