5 причини зошто мажите го сакаат сексот со бившата
Иако сакаат промени, мажите го сакаат чувството на стабилност и познати ситуации. Заради тоа, неретко кога се возбудени, бившите девојки им се често пати на ум.
Потребно ви е објаснување зошто тој можеби посакува секс со бившата?
1. Таа му е позната - Знае дека нема потреба да ја импресионира, ниту пак да прашува дали нешто смее да направи. Присуството на познато тело за мажите е фасцинантно, колку и да звучи чудно.
2. Таа му е лесно достапна - Не е лесно да најдеш нова девојка која е подготвена за секс, па секогаш е добро да се опуштиш во прегратките на бившата, или барем тој така мисли.
3. Има потреба од страст - Секогаш ќе падне на зборовите „само уште еднаш со бившата,“ нема сомневање. Многу често се случува по сексот за една ноќ, да се разгори страста која со текот на годините недостасувала.
4. Сака да бидат секс пријатели - Една од причините заради која тој ќе посака редовен секс со бившата, но не и врска, е пријателството со „бенефиции“. Тоа е можеби најчестиот сон на секој маж.
5. Му недостасува - Можеби повеќе емотивно, отколку физички, но и тоа е голема причина за желба за секс.