Заедно ослабеле 60 килограми за да изгледаат убаво на свадбената фотографија
Ако венчавката треба да биде најсреќниот ден во вашиот живот, тогаш поставувањето на прашањето е најстрашниот момент.
После сè, кога еднаш ќе си дадете збор, планирањето на свадбата целосно и без запирање се одвива до последниот момент од „големиот ден“.
Но, без разлика на тоа каква мешаница ви се случува и на колку детали треба да внимавате, сите имаат една иста заедничка цел, сè да биде совршено.
Мет и Бренди некогаш биле сосем нормален пар, сè до денот кога посакале да се венчаат, а не им се допаѓало како изгледале.
Преголемата тежина им пречела и здравствено и физички. Токму затоа си поставиле еден заеднички предизвик, заедно да држат диета и да ослабат до денот на венчавката и да изгледаат убаво на свадбената фотографија.
Постигнале неверојатни резултати. Заедно вкупно успеале да симнат 59 килограми, а само Мет ослабел 41 килограм.
Откако ја постигнале целта решиле да внимаваат што јадат и што внесуваат во своето тело.