„Гиковите“ најдобри во кревет
Ако мислевте дека совршеното тело значи и дека „играчот“ е совршен - размислете повторно. Најновото истражување покажа дека гиковите знаат...
...прилично многу и за женскиот „хардвер“.
Компјутерџиите очигледно се добри во ИТ, ама не знаевме дека се и добри љубовници, т.е. дека прилично многу знаат за женскиот „хардвер“.
Се покажа дека таквите луѓе се најнесебични, дека се авантуристи и дека со задоволство користат љубовни додатоци.
78% од нив изјавиле дека играчките за возрасни се составен дел од нивниот љубовен живот.
Понатаму, 82% од компјутерџиите рекле дека поважно им е да ги задоволат сексуалните потреби на партнерката, за разлика од другите испитаници.
А ако мислевте дека кога некој има совршено исклесано тело тоа значи дека и е совршен „играч“ - размислете повторно.
Оние кои работат во фитнес индустријата најмалку се склони кон користење секс играчки. Само тројца од десет испитаници редовно се служат со нив.
Истражувањето покажа дека компјутерџиите се и најнесебичните љубовници.
На прашањето дали им е поважно да ја задоволат партнерката или тие да бидат задоволени, 41% од нив одговориле дека задоволството на партнерката им е поважно.