Што да правите ако престане да ви се јавува?

Одеднаш стана оддалечен, не ви се јавува, не ви праќа пораки... Што да правите?

sto-da-pravite-ako-prestane-da-vi-se-javuva-01.jpg

Еден дел од вашиот мозок ви кажува дека нешто големо се случува и навистина не може да ви се јави, па смислувате оправдувања во негово име. Но, друг дел од вас чувствува дека нешто не е во ред, не е повеќе заинтересиран, па дури и можно е да пронашол друга...

Како да се справите со оваа безизлезна ситуација?

Не го бомбардирајте со пораки

Најлошото што можете да го направите е да започнете бомбардирање со пораки. Тоа е најлесниот и најбрз начин да го одбиете од себе. Ќе изгледате како очајна девојка, која за возврат ќе добие уште поголема тишина.

Испратете една вообичаена порака

Прифатливо е да се обидете еднаш или два пати да го добиете, чисто да откриете за што се работи. Ако не ви одговори во рок од 3 дена или каже дека ќе ве побара, а не го направи тоа, уште еднаш прашајте во што е проблемот. Ако повторно ве игнорира, време е да се откажете.

Пробајте лично да се сретнете

Ако е можно, видете се во 4 очи, така најлесно ќе го откриете проблемот. Неговиот глас го издава, затоа обрнете внимание на манирите и тонот со кој ви зборува.

sto-da-pravite-ako-prestane-da-vi-se-javuva-02.jpg

Не им раскажувајте на сите

Бидете внимателни на кој се доверувате во оваа ситуација. Никако не им се исповедајте на заедничките пријатели, тоа е прво правило.

Не пишувајте предизвикувачки реченици по социјалните мрежи

Сигурно не сакате приватниот проблем да прерасне во јавна расправија. Ако мислите дека вака ќе го испровоцирате да ви се јави - грешите.

Не го чекајте

Нема поента постојано да го проверувате мобилниот или да гледате дали имате пропуштен повик. Продолжете со животот како и пред него. Ако се јави - одлично, ако не се јави - исто така одлично, барем знаете дека сега сте слободни.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg