10 “не“ за подобар секс
Меѓу безбројните совети што да правите за да си го подобрите сексуалниот живот, ние ви даваме листа на 10 нешта што не треба да ги правите. Следете ги...
...советите и ќе имате секси, возбудлив и позитивно исполнет живот.
1. Не се споредувајте со други луѓе
Знаеме дека е тешко да не се помсили на бившите на партнерот, и како ние котираме во споредба со нив. Но, ослободете со од овие мисли. Вашиот партнер веќе не е со нив, и сигурно има причина за тоа. Немојте да се споредувате со филмски ѕвезди или познати модели, па ни порно ѕвезди.
Сетете се дека на нив работат куп шминкери и стилисти, дека во списанијата нивните маани се покриваат со фотошоп и дека ако ги видите на улица ќе се разочарате. Постојаното мерење и премерување со другите ќе ви ја уништи самодовербата. А ако сте несигурни во себе тоа ќе се одрази на вашиот став и ќе ве направи помалку привлечни.
2. Не се оптоварувајте со своето тело
Сите имаме маани, па и вие. Ниту едно тело не е совршено, а тоа секако зависи и од личниот вкус. Секако дека треба да го подобрувате она што ви пречи, но нема потреба од претерана грижа и драстични пластични операции.
Додека мислите дека сте предебели, прековчести, прениски или превисоки, нема да се ослободите и да уживате во сексот. Личноста што е со вас во кревет секако смета дека сте привлечни, инаку не би била таму. Сексуалната енергија доаѓа од внатре, а не од површината.
3. Не затворајте го умот
Живеете во 21 век. Време е да го отворите умот за нови можности затоа што ако имате крути мисли ќе имате и крут секс. Ако го блокирате креативниот доток нема да може да го искусите врвното задоволство.
Нема потреба да одите против своите принципи и граници, но од време на време обидете се само малку да ги поместите и да останете отворени за нови можности.
4. Не сокривајте ништо од партнерот
Без разлика дали се работи за мрачни нешта од минатото или за фантазии што сакате да ги пробате, кажете си. Криењето на важни информации од партнерот ќе ја уништи интимноста и довербата.
Немојте да се водите од помислата дека вашиот партнер лошо ќе изреагира или нема да знае како да се справи со тие информации, отворениот разговор е подобро решение отколку криењето. Ако премолчите партнерот ќе почувствува дека нешто не е во ред, но нема да знае зошто е тоа така.
5. Не правете премногу планови
Понекогаш сакаме да го изненадиме партнерот со сцена што сме ја виделе на филм. Но, вие не работите по сценарио, па не грижете се ако вечерта не оди точно така како што сте ја замислиле.
Можеби вашето „сценарио“ ќе се развие во сосема друга насока, па дозволете си да ве поведе спонтаноста, бидејќи нештата можеби ќе излезат уште подобро отколку што сте мислеле.
6. Не носете ги секојдневните проблеми во спална
Додека лежите во кревет заборавете на прашањата што ги користите во другите соби - дали ги изми чиниите, зошто не го направи она што го вети...
Ако живеете со партнерот немојте да ставате телевизор во спалната или барем користете го само за гледање филмови, а не и вести. Сексот е чин на интимност и рекреација. Немојте да го опкружувате креветот со стрес и тензија.
7. Не заборавајте ја предиграта
Предиграта е еден од клучните елементи на сексот, но често се подзаборава. Секако постојат моменти кога совладани од страст двајцата сакате секс на брзинка, но обидете се поголемиот дел од времето да ја вклучите и предиграта.
Предиграта значи да се создаде соодветна атмосфера и расположение, да се заведува партнерот и нештата да се задржат опуштени и забавни.
8. Никогаш не бидете себични
Сексот е двонасочно задоволување. Не заборавајте да го задоволите партнерот и никогаш немојте да заборавите да ги следите неговите реакции.
9. Не ограничувајте го сексот само на спалната соба
Ако постојано имате секс само во еден ист кревет може да се случи да ја изгубите страста. Истражете други места во куќата, колата... Зошто не би имале секс во кујна или под туш? Бидете отворени за откривање нова секс територија. Овде нема правила, важно е на двајцата да ви биде забавно.
10. Никогаш не заборавајте ја романтиката
Во секојдневното живеење лесно може да се случи да ја подзаборавиме романтиката. За жал, некои луѓе воопшто и не ја искусиле. Ова е важен дел од врската и позитивно влијае на сексуалниот живот бидејќи ја поттикнува страста и желбата. Не ја ограничувајте сликата за романтика на цвеќе и ароматични свеќи.
Вие најдобро го знаете вашиот партнер, па и најдобро знаете што би му се допаднало. Заведувајте го дури и ако сте заедно со години.