Ако не одите на одмор: 5 идеи за жежок секс дома

Ако не сте отпатувале на одмор, не се наоѓате на некоја плажа и не го гледате најубавото зајдисонце, тоа не значи дека не може да имате одличен секс и дома.

ako-ne-odite-na-odmor-5-idei-za-dobar-seks-doma-01

Подготовки

Посветете доволно внимание и време на подготовката за секс - релаксирајте се во када, средете ја косата, издепилирајте ги нозете и налакирајте ги ноктите. Направете цел ритуал со пријатна музика и вечерта ќе бидете посебно расположени.

Направете си домашна плажа

Зошто домот да не ви биде плажа? Облечете бикини, мачкајте се меѓусебно со лосион со мирис на кокос кој ќе ве потсети на мирисот на плажа, пуштете некоја летна музика и направете си ледени коктели.

Направете си хотелска соба

Што прво гледате кога ќе влезете во хотелската соба? Огромната спална, убаво наместена, која едноставно ве повикува на секс, а тука некаде е и огромното огледало. На перниците ставете по некое чоколадно бонбонче или цвет и ќе добиете впечаток како да не сте дома.

ako-ne-odite-na-odmor-5-idei-za-dobar-seks-doma-2.jpg

Купка со меурчиња

Наполнете ја кадата со пенлива купка со мирис на јасмин, запалете неколку свеќи и подгответе два големи, бели и меки пешкири. Ако немате када, застанете под тушот и испробувајте нови пози.

Излежувајте се, водете љубов, заспијте и повторно водете љубов

Додека сте на одмор, може да си дозволите да се излежувате во кревет и по цел ден. Водете љубов и останете во кревет цел ден. Јадете во кревет, спијте, водете љубов. Не е важно по кој редослед.

ako-ne-odite-na-odmor-5-idei-za-dobar-seks-doma-1.jpg

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg