Во љубовта годините се само бројка: Неколку причини за врска со постар маж
Каде што постои љубов, годините се само бројка, но дали помеѓу партнерите сепак треба да постои некоја возрасна граница?
Според некое непишано правило, жените секогаш уживаат во друштвото на постарите мажи.
Кога станува збор за поддршката, разбирањето, почитта жените секогаш велат дека тие работи повеќе ги добиваат од постарите партнери, за разлика од помладите.
Освен тоа и овие неколку причини ги ставаат постарите мажи во голема предност пред помладите:
Релаксирани ноќи
Возрасниот маж не го интересираат лудите забави до раните утрински часови. Доколку сте и вие девојка која размислува така и која сака ноќите да ги поминува во опуштена атмосфера, тогаш повозрасниот маж би можел да биде ваш идеален партнер. Вие секако дека ќе излегувате и ќе се забавувате, но тие забави ќе бидат многу поинакви.
Долги разговори
Додека помладите момци успешно бегаат од разговорите за иднината, повозрасните воопшто не се плашат од неа. Тие сакаат да разговараат за иднината и за вашата врска. Освен тоа, тие знаат кога да замолчат и да ве сослушаат.
Животно искуство
Една од најдобрите причини зошто да излезете со постар маж е токму животното искуство. Тие ќе ги разберат сите ваши проблеми, особено кога станува збор за материјалната животна стана на животот. Постариот маж поминал низ многу нешта, за разлика од помладиот кој можеби нема да разбере како ви е во одредена ситуација.
Обожаваат да разгалуваат
Постојат жени кои навистина не ценат кога нивните мажи прават сѐ за нив, но и оние кои велат дека не сакаат нивниот партнер да ги разгалува. Но сепак, зарем има нешто лошо во тоа некој да сака да ве разгали? Младите момци се секако слатки, но тие не знаат како да разгалат жена за разлика од постарите мажи кои ќе уживаат во тоа.
Тие се за врска
Ова секако не важи за сите луѓе, но повеќето постари мажи зад себе имаат љубовна историја и тие посакуваат да имаат долга врска преполна со љубов. На овие мажи повеќе не им е забавно секоја ноќ да бидат со различна девојка, затоа ако и вие барате нешто што ќе трае, пробајте си ја среќата со постарите мажи.
Искуство во спалната соба...
Овие момци имаат големо искуство кога станува збор за сексот и тие точно знаат што прават во спалната соба. Можеби помладите момци се повеќе заинтересирани за сексот и сакаат да го имаат колку што е можно почесто. Но запомнете, квантитетот во ниеден случај не може да се спореди со квалитетот поради кој постарите мажи можат да бидат одлични љубовници.
Девојки, што вели вашето искуство за оваа тема?