6 типови оргазам и како да ги постигнете

Жените имаат можност да доживеат повеќе видови оргазми во зависност од тоа кој дел или кои делови од телото се стимулираат. Може да биде брз, краток, локализиран, длабок, концентриран или оргазам низ целото тело. Затоа треба да експериментирате, буквално колку што сакате.

6-tipovi-orgazam-i-kako-da-gi-postignete-01

1. Еден оргазам

Оргазмот при кој стимулацијата е фокусирана на една примарна ерогена зона, како што е клиторисот, Г-точка, анусот или брадавиците.

2. Гради-оргазам

Некои научници тврдат дека скенерот на главата покажува дека кога жените ги милуваат брадавиците во мозокот доаѓа до активација на истите предели кои реагираат на клиторисот или вагиналната стимулација.

Кај жените галењето и стимулирањето на брадавиците доведува до лачење на окситоцин, хемикалија која помеѓу останатото прави да се почувствувате вљубено.

3. Дуален оргазам

Многу луѓе се запознаени со различни начини на двојна стимулација, со пенисот и со јазикот или вагината и јазикот, прст и јазик и други комбинации.

Ова искуство е интензивно и единствено, па се исплати да се впуштите во една ваква авантура. Забавувајте се експериментирајќи со различни комбинации на вашите тела.

Кажете си еден на друг што чувствувате, за да откриете која комбинација делува највозбудливо за двајцата.

6-tipovi-orgazam-i-kako-da-gi-postignete-1

4. Мешан оргазам

Мешаниот оргазам е сличен на дуалниот, но со мала специфичност. Смислата кај мешаниот оргазам е во тоа да се трудите сексот да трае колку може повеќе , така што го предизвикувате партнерот и стимулирате една примарна ерогена зона, а потоа преминете на друга, па вратете се на првата и  така во круг.

Оваа техника е сјаен начин да ги следите варијациите на своето уживање, а многу е корисно и за мажите кои патат од предвремена ејакулација.

Ако партнерот ве стимулира вас, а вашата реакција го доведува него до оргазам, може да го пренасочите фокусот на некоја друга ваша ерогена зона и така да ја продолжите екстазата за двајцата.

5. Трипл оргазам

Револуција на врвен оргазам е трипл оргазам. Женскиот трипл оргазам се постигнува така што симултано се стимулираат три точки на задоволство: клиторис, Г-точка и анус. Важно е наизменично да ги менувате улогите за истовремено да се стимулираат важните точки и двајцата да го достигнете врвот.

6. Ментален оргазам

Концептот на менталниот оргазам подразбира лесно зголемување на менталниот и емотивниот интензитет помеѓу партнерите.

Сексот почнува помеѓу ушите, бидејќи мозокот влијае на тоа каков секс сакате да имате: романтичен, разигран, сензуален, интимен, еротичен или див.

Милиони нервни завршетоци се поврзани со усните, па затоа страсното бакнување е од есенцијално значење за постигнување оргазам.

Шепнете му на својот партнер како ќе го задоволите и вдишете го мирисот на неговата возбуда. Мирисот  е едно од нашите најпримитивни сетила и го контролира олфакторниот булбус, делот од мозокот кој е поврзан со меморијата и емоциите.

6-tipovi-orgazam-i-kako-da-gi-postignete-2

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg