Мажот кој спиел со 4 илјади жени има што да ви каже
Човекот кој спиел со повеќе од 4 илјади жени одлучил да ги посоветува сите за тоа што најмногу сакаат мажите во кревет.
Најпознатиот порно глумец, Рон Џереми има што да ви каже:
1. Не спомнувајте други мажи
„Ако забележам дека жената се допишува со други мажи додека е со мене или ако видам траги од друг маж во собата, тоа ме одбива. Ако нешто навистина им пречи на мажите, тоа е спомнување на други мажи“.
2. Бидете скромни
„Девојка која е добра во кревет обично не го истакнува тоа. Фалбите се компензација за недостаток. Повлечените и скромни жени се многу попривлечни од наметливите жени кои се трудат да се истакнат“.
3. Обрнете внимание на она што го сака мажот
Некои мажи се покорни и сакаат кога жената доминира, но некои не. Обрнете внимание на она што го возбудува, што му се допаѓа и што не му се допаѓа. Водете се според тоа и ќе направите да ужива со вас.
4. Сексот нека биде природен
„Ова важи и во реалниот живот и во моите филмови. Не форсирајте коментари во креветот за време на сексот и дишете природно. Ако жената за време на сексот форсира изрази на лицето, тоа е очигледно. Поради тоа изгледа како премногу да сака да остави впечаток. Можеби понекогаш жените за време на сексот имаат необични изрази на лицето, но ако се природни му се допаѓаат на мажот, бидејќи тогаш знае дека навистина ужива“.
5. Ентузијазам
Повеќето мажи ќе се сложат со тоа дека попрво би се одлучиле за ентузијазам, отколку за привлечност. Ќе ја одбереме онаа девојка која е повозбудлива, од онаа која изгледа преубаво секој ден во неделата. Мажите препознаваат кога некоја жена прави нешто само за ним да им биде пријатно, а тоа неа не ја возбудува“.