Летни секс грешки кои не смеете да си ги дозволите

Разголената кожа, лудите и незаборавни забави и романтичните зајдисонца ги отвараат границите на вашата слобода.

letni-seks-greski-koi-ne-smeete-da-si-gi-dozvolite-1-

Сексот во лето е едно посебно доживување без разлика дали станува збор за секс под отворено небо или зад затворени врати.

Доколку сакате да пробате секс на плажа, на трева или на било кое друго место наоружајте се со информации кои ќе ви бидат од големо значење.

Овие работи мора да ги знаете доколку се одлучите за едно поинакво уживање. Не дозволувајте си да „паднете” во летните замки и бидете претпазливи за следново:

1. Чувајте ги кондомите на ладно место

Високите температури ги уништуваат кондомите, затоа во ниеден случај не ги чувајте во автомобилот или на места на кои тие би биле изложени директно на сонце. На тој начин се зголемува и ризикот од сексуално преносливи болести како и несаканата бременост.

2. Жешките страсти во вода го зголемуваат ризикот од болести

Сексот во вода можеби ви звучи како одлична идеја, но размислете повторно пред да се одлучите. Ризикот од сексуално преносливите болести и инфекции се зголемува повеќекратно во вода. Иако кондомот сето тоа го спречува, имајте на ум дека тој се уништува од хлорот во базените. Сексот во море, река, езеро е исто толку опасен како и оној во базените.

3. Доброто расположение може да го уништат инсектите

Освен што треба да обрнете внимание на приватноста, кога станува збор за сексот под отворено небо мора да обрнете внимание и на опкружувањето во природата. Инсектите и некои видови растенија можат да бидат вистински уништувачи на расположението и да ви нанесат разни алергии и иритации.

letni-seks-greski-koi-ne-smeete-da-si-gi-dozvolite-1.jpg

4. Пиењето алкохол од тело може да доведе до сериозни иритации

Пиењето текила од стомак е навистина интересна идеја, но не е баш најдобра при високите температури. Ако сте изложени директно на сонце лимонот може да ви направи изгореници, црвенила и разни иритации кои ќе го уништат вашиот одмор.

5. Потта ве прави привлечни

Иако потта ја сметаме за непријатна, сепак во текот на сексот токму нејзиниот мирис го привлекува партнерот. Не грижете се за потта, бидејќи во текот на сексот станувате посакувани.

6. Секогаш имајте вода до креветот

Сексот во летниот период делува како еден мини тренинг. Во текот на сексот се губи премногу течност од телото и затоа е најдобро секогаш при рака да имате шише со вода за да не се доведете себе си до дехидрација.

7. Уживајте во миговите

Наместо да имате брз секс поради кој дополнително ќе се изморите заради високите температури, најдобро е да уживате и да ги оставите страстите да ве водат. Жените и мажите доживуваат јак оргазам кога задоволството се одвива бавно и нежно. 

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg