Женски речник на раскинување: 12 најчести фрази и нивното значење

Раскинувањето никогаш не е едноставно и лесно, без разлика од која страна сте. Тешко е да се биде целосно искрен и да успеете да не ја повредите другата личност. Сепак, ви значи времето кое сте го поминале и не би сакале некому да го скршите срцето.

zenski-recnik-na-raskinuvanje-12-najcesti-frazi-i-nivnoto-znacenje-01

Затоа постојат неколку фрази кои може да се кажат при раскинувањето, не се експлицитни, а во себе го кријат вистинското значење. Момци, доколку не знаете зошто ви раскинала девојката, размислете што значи реченицата која ви ја кажала.

Женскиот речник содржи 12 фрази со нивно значење, повод за користење, вистинската причина и слични фрази.

1.Не си ти во прашање, туку јас...

Значење: Ти си крив!

Зошто се користи: За да го убеди дека не е тој виновен за раскинувањето

Вистинската причина: Не сака веќе да си го троши времето со тебе

Синоними: Не ми се допаѓаш повеќе, остави ме на мира.


2. Премногу си добар за мене

Значење: Те изневерив и не можам веќе да го кријам тоа

Зошто се користи: Да ја ублажи својата вина за околностите кои сама си ги предизвикала

Вистинската причина: Те изневерив, па подобро да ти раскинам, отколку да дознаеш.

Синоними: Не сум за тебе, не можам да ги исполнам твоите очекувања.


3. Нема веќе да те повредувам

Значење: Знам дека сум идиотка, но нема да се сменам, а нема ни да останам во оваа врска.

Зошто се користи: Ја префрла вината на себе и конечно може да раскине.

Вистинската причина: Се извинува поради нешто што го направила, само за да си докаже дека всушност не ѝ е жал и дека повторно би го направила истото.

Синоними: Не можам да гледам како патиш.


4. Се обидувам да сфатам што сакам и поради тоа сега морам да бидам сама

Значење: Знам што сакам – некој подобар од тебе.

Зошто се користи: За да го постави фокусот на себе, а не на личноста со која раскинува.

Вистинската причина: Сфаќа дека таа личност не го вади најдоброто од неа.

Синоними: Морам да сфатам како е кога те нема во мојот живот.

zenski-recnik-na-raskinuvanje-12-najcesti-frazi-i-nivnoto-znacenje-2

5. Ми треба простор

Значење: Досаден си, ме гушиш.

Зошто се користи: На другата личност ѝ дава до знаење да ја остави на мир подолго време.

Вистинската причина: Наеднаш станува свесна дека долго време не направила ништо самостојно.

Синоними: Не ми праќај пораки на секои 30 секунди ако не ти одговорам веднаш.


6. Запознав некој друг

Значење: Навистина запознав некој друг.

Зошто се користи: Покажува дека доволно ја вреднува својата врска за да ја каже вистината.

Вистинската причина: Врската секако била при крај, а плус запознала некој кој ја заинтересирал.

Синоними: Се запознав со некој што ми се допаѓа повеќе.


7. Уште го сакам бившиот

Значење: Не можам да се посветам на новата врска бидејќи сè уште сум заробена во минатото.

Зошто се користи: За да му објасни на партнерот дека одлуката е базирана на причини кои се надвор од негова контрола.

Вистинската причина: Бившиот изгледа подобро, зошто да не се обиде повторно.

Синоними: Не сум расчистила со минатото.


8. Не сум подготвена за врска

Значење: Ми требаш само за секс

Зошто се користи: Никогаш немало емотивна поврзаност.

Вистинската причина: Партнерот сака да се верат или да се венчаат – нешто за што воопшто не е заинтересирана.

Синоними: Моментално не можам да бидам во сериозна врска.

zenski-recnik-na-raskinuvanje-12-najcesti-frazi-i-nivnoto-znacenje-1

9. Пријателите ме убедија

Значење: Моите пријатели се жалат дека многу малку време поминувам со нив.

Зошто се користи: Премногу е слаба за да преземеме одговорност за сопствените одлуки.

Вистинската причина: Пријателите или момчето? Секогаш пријателите.

Синоними: Ако морам да бирам меѓу нив и тебе, ги одбирам нив.


10. Влијаеш на моето ментално здравје

Значење: Моите блиски сметаат дека сум најлоша до сега

Зошто се користи: За да покаже дека проблемот е во него, а не во неа

Вистинската причина: Поголемиот дел од денот го поминувате карајќи се, без да знаете зошто, но  сака да излезе како победник.

Синоними: Не сакам да ме повлечеш надоле со тебе.


11. Морам да се фокусирам на себе

Значење: Доста ми е од тебе, досаден си ми

Зошто се користи: За да излезе од досадната врска

Вистинската причина: Партнерот не сака да престане да се жали и да зборува за своите проблеми

Синоними: Мислам дека ти си проблемот


12. Имам проблеми со семејството, работата

Значење: Имам попаметна работа отколку да го поминувам времето со тебе

Зошто се користи: За да му покаже на партнерот дека ѝ е последен на листата приоритети.

Вистинската причина: Нејзините родители не го поднесуваат.

Синоними: Моето семејство мисли дека заслужувам подобро.

zenski-recnik-na-raskinuvanje-12-najcesti-frazi-i-nivnoto-znacenje-3

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg